Како да купувате парфем преку интернет (без да го помириснете)

Некои производи е лесно да ги купите преку интернет - парфемот обично не е еден од нив. Затоа ние ќе ви кажеме како да го одберете следниот парфем, без да го мириснете.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СОСТАВОТ НА МИРИСИТЕ КОИ ВЕЌЕ ГИ КОРИСТИТЕ
Побарајте инспирација во мирисот кој моментално го користите. Кои ноти ги содржи или на која група мириси и припаѓа? Може да откриете дека имате наклонетост кон цветни мириси, па ако е така, тогаш држете се до таа група. Доколку не сте сигурни какви ноти вклучува вашиот моментален мирис, тогаш побарајте помош на  интернет страници како Fragrantica.com.


ПРОЧИТАЈТЕ КРИТИКИ
Да, точно е дека нема секогаш да имате исто мислење како интернет заедницата, но читање на критики може да ви помогне да создадете појасна слика за мирисот. Ако голем број на луѓе велат дека е "премногу јак" а вие сакате полесни мириси, тогаш веројатно тоа не е парфемот за вас. Блоговите може да бидат одличен извор на коментари и критики исто така. 

ОТКРИЈТЕ ШТО САКАТЕ  
Разберете ги вашите преференци: eau de cologne-колонска вода, eau de toilette-тоалетна вода или eau de parfum-парфем. Колонската вода не трае долго но е одлична за освежување, додека тоалетната вода е најчестиот тип на мирис и обично трае по неколку часови. Доколку пак сакате посилни, подолготрајни мириси тогаш изберете парфем. Откријте што барате пред да притиснете “Купи”.

УСОВРШЕТЕ ГО ВАШИОТ МИРИСЕН ВОКАБУЛАР
Научете ги описните зборови кои често се користат во врска со мирисите. Доколку еден мирис е опишан како “интензивен”, “заводлив” и “обвиткувачки,” најверојатно е дрвенест или ориентален мирис, кој одговара за навечер или за оставање силен впечаток. Но доколку мирисот “се распрскува” или “блеска”, тогап најверојатно е женстве, цветен или овошен мирис.


ЗЕМЕТЕ ЈА ПРЕДВИД ОПАКОВКАТА
Пакувањето на мирисот ги одразува темата и мирисот кои се наоѓаат во внатрешноста. Златно шише и кутија преставуваат вечерен и раскошен мирис. Светло сино и зелено пакување претставуаат природа и свежина (помислете на лето и дневен мирис), додека розевите шишенца се обично женствени мириси со цветни ноти.


НАУЧЕТЕ ГИ НОТИТЕ
Парфимерите (или носевите) имаат свој препознатлив стил. па затоа погледнете го нивното мирисно портфолио - да го наречеме нивно резиме - и видете дали ви се познати некои од нивните креации. Доколку сте уживале во една, најверојатно ќе уживате и во другите. 

НЕ ОБРНУВАЈТЕ СЕКОГАШ ВНИМАНИЕ НА ЦЕНИТЕ
Само затоа што некој мирис е скап, не значидека е најдобар. Барајте други знаци на квалитет покрај цената.

Текст: Фотографии: Fotolia, Shutterstock