Како да самопотемните како професионалец

Нема сомневање: претерана изложеност на сонце ја оштетува кожата. Но, само затоа што деновите на интензивно сончање се зад нас не значи дека не треба да сакаме да имаме летен сјај. Еве како да постигнете совршен вештачки тен без да ја напуштите спалната соба!

СОВРШЕНИОТ ПРОИЗВОД
Од хидратантни крем до пенливи производи, за секого постои соодветен производ за самопотемнување. Ние сепак, сме обожаватели на спрејовите. Причината? Идеални се за нанесување и на местата кои се потешко достапни и лесно се размачкуваат. Сепак, кога станува збор за лицето, нема ништо подобро од лосион за тен со природен изглед.  

ЕКСФОЛИРАЈТЕ 
За да избегнете нерамномерно размачкување на одредени груби области, секогаш ексфолирајте. Ексфолијаторот ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и сувите делови, што ќе резултира со рамномерна апликација и долготраен тен.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ И ПЛАНИРАЈТЕ
Ако ви треба бричење, направете го тоа пред да нанесувате производ за самопотемнување. Зошто? Ако го направите тоа потоа, големи се шансите да го отстраните производот оставајќи светли линии по телото.

ХИДРАТАЦИЈА  
Избегнете да добиете портокалов тен така што ќе нанесете хидратантен произовод пред срредство за самопотемнување. Користете лесен хидратентен крем или лосион на целото тело, обрнте посебно внимание на екстра сувите делови: стапала, колена, дланкки и зглобовите на рацете и нозете.

ТРПЕНИЕ 
На најголем број од производите за самопотемнување им требаат 6 до 8 часа да се апсорбираат во кожата. Во текот на ова време избегнувајте контакт со вода - тоа значи и да не вежбате за да не се потите! И секако, веднаш по нанесување, треба да почекате 5 до 10 минути производит да се исуши пред да се облечете. Самопотемнувањето како професионалев бара трпение.

НАНЕСЕТЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕЦ 
Секогаш (и навистина мислиме секогаш) нанесувајте производ за самопотемнување на ладни и суви места. Доколку нанесувате во бањата со сигурност ќе ви се појават дамки. За да избегнете дланките да ви станат портокалови, редовно мијте ги дланките додека нанесувате од производот. А за оние тешко достапните места, како на пример грбот, испрскајте од производот за самопотемнување дирекно зад вас во кружни движења. Потоа, движејќи се наназад "влезете" во пареата од спрејот за капките нежно да се залепат директно на вашата кожа.  

СЕ СЛУЧУВААТ ГРЕШКИ 
Никој не сака шарен, нерамномерен тен, но понекогаш не можете тоа да го одбегнете. Доколку најдете лента што е потемна од остатокот од кожата, скокнете во кадата и иступирајте се со врела вода. Доколку не се изедначи, обидете се повторно следниот ден.





Текст: Фотографии: Oriflame