КАКО ДА КРЕИРАТЕ ИЗГЛЕД НА МАТ УСНИ

Смелиот изглед на мат усни може да го промени целото лице, па не е ни чудо што го обожуваме овој изглед!

Смелиот изглед на мат усни може да го промени целото лице, па не е ни чудо што го обожуваме овој изглед! Со овие кармини ќе постигнете силен изглед без многу напор и за само неколку минути. Не сте задоволна со вашата фризура? Само ставете светла мат нијанса на кармин и го решивте проблемот.

Ако сакате да пиете кафе без да оставите трага на чашата или да украдете бакнеж без да ви се пренесе карминот на забите, потребна ви е стабилна формулација која нема да се размачка. Погледнете ги КАРМИНИТЕ ЗА УСНИ КОИ ЌЕ бидат „ЗАКЛУЧЕНИ“ НА ВАШИТЕ УСНИ а воедно толку кремасти што нема да ги исушат.

Погрижете се усните да бидат правилно хидрирани
Пилинг и хидратација се одличен почеток - ви треба мазно платно за да создадете беспрекорен изглед. Направете го тоа претходната вечер како дел од вашата рутина за шминкање за да им дадете доволно време на усните да се хидрираат.

Прецизноста е клучна
За беспрекорен изглед на усните, не прескокнувајте го МОЛИВОТ ЗА УСНИ , бидејќи тој е неопходен дел од создавањето на смел изглед. Нежно држете го моливчето за усни близу до врвот - ова ќе ви овозможи да бидете попрецизни.  Нацртајте го надворешниот раб на усните со нежни потези. Омекнете ги линиите со четка или со прст, ако е потребно. Нанесете раскошен слој од омилениот МАТ КАРМИН ЗА УСНИ , на вашите усни, притиснете ги едни на други и оставете ги да се исушат.

Блеснете
Сјајот на кожата е совршен контраст со мат изгледот на усните, па  затоа, направете го остатокот од вашата шминка да изгледа свежо. Нанесете ХИСРАТАНТЕН КРЕМ ВО БОЈА или ТРАНСПАРЕНТНА ТЕЧНА ПУДРА, малку РУМЕНИЛО  и МАСКАРА.  Тоа е сè што ви треба за изглед кој ќе го привлече вниманието!