ОТСТРАНУВАЊЕ НА ШМИНКАТА ОД ЛИЦЕТО
Инвестирајте во средство кое истовремено го чистилицето и ја отстранува шминката (некои се подобри). Потоа нанесете од средството и со масирање со раце или со ткаенина од муслин отстранете ја шминката. Ако ности многу шминка тогаш треба двојно да го чистите лицето. Првото чистење ќе ја отстрани шминката, а второто ќе ја исчисти кожата. Не заборавајте да го исчистите и вратот за да ја отстраните пудрата и од таа област. Можете да вклучите и апарат за чистење во вашата рутина за да ги отстраните шминката и нечистотијата што се насобираат длабоко во порите. Апаратот за чистење има дополнителна придобивка - почист посјаен тен. Завршете ја рутината со тоник за да ги отстраните последните остатоци од шминка - ќе можете да видите дали на памучето сеуште има шминка или веќе се сте исчистиле.
ЧИСТЕЊЕ НА УСНИТЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДОЛГОТРАЈНИ КАРМИНИ
Користете вашиот нормален отстранувач на шминка за ги отстраните маснотиите - не влечете и не тријте премногу грубо за да не ги оштетите усните. По бришењето на маснотиите, нанесете слој Tender Care и оставете го да стои 3 минути. Потоа со мокро памуче или парче ткаенина избишете ја бојата од усните, измијте го целото лице и оставете ги усните да се исушат. Нанесете усште еден слој Tender Care за усните да ви бидат хидрирани.
ОТСТРАНУВАЊЕ ВОДООТПОРНА ШМИНКА
Инвестирајте во квалитетен отстранувач на водоотпорна шминка. Ставете на памучен тупфер и држете го на окото 10тина секунди. Ова ќе му даде време на производит да ја раствори шминката. Избришете и повторете. Немојте да трите ниту да во влечете окото за да не предизвикате црвенило, губење на трепки или појава на тенки линии. Повторете го овој чекор на долните трепки и си помош на стапче за уши исчистете го работ на трепките за да ги отстраните и последните траги од маскара.