Како подолго да го одржите бронзениот тен

Задржете го сјајот и продолжете го животот на бронзениот тен со следење на овие неколку совети од експертите.

Како да ја одржете кожата да изгледа свежо како кога ќе се вратите од летниот одмор? Запознајте ја Holly Grenfell, член на Панелот за Експертска Нега на Кожа на Орифлеим, каде што таа ни ги открива нејзините тајни за тоа како да го задржите здравиот летен тен.

 

Правило број еден

Правило број еден е хидратација, хидратација, хидратација. Сонцето сериозно ги суши горните слоеви на кожата, затоа потрудете се да обезбедите длабинска хидратација така што ќе нанесувате богати путери за тело или креми, посебно по туширањето.


Соочете се со фактите

Доколку имате бронзен тен, имате оштетување на клетките. За да го поправите ова, нанесете лосион и креми богати со антиоксиданси за да ја поправат и вратат кожата во првобитната состојба. Проверете ги етикетите и барајте активни сосотјки како витамини Ц и Е, хранлив мед, или концентрати од “супер” овошја и бобинки. 

 

Бојата може да избледи

Вашиот темен тен полека осветлува, при што на кожата остануваат нерамномерно потемнети делови, најчесто околу колената и лактите. Оваа разлика можете малку да ја намалите со користење на крем за ексфолијација, но правете ја ексфолијацијата нежно за да го задржите тенот. Ексфолијацијата ги отстранува мртвите клетки и ја полира коата, но исто така го отстранува и површинскиот слој,  со што се забрзува појавувањето на нова, непотемнета кожа на површината. 

 

Променете ги продуктите во бањата

Гелот за тушињаре кој прави многу пена заманете го со крем или масло за бањање. Подмачкувачките масла помагаат да се подобрат природните нивоа на липиди во кожата, и исто така оставаат заштитен слој кој и дава убав сјај на кожата.

 

Прекријте

Како што полека избледува, дополнете го тенот со гел или крем за само-потемнување. Овие продукти се многу подобрени од оние првите кои имаа сјајни портокалови тонови, денес, напредните формули даваат супер-природен изглед. Можете да го прилагодите нивото на потемнување со избирање на различни продукти со различна нијајса и сила, или со едноставно мешање на кремот за само-потемнување со вашето млеко за тело. Ова е навистина “паметно” потемнување!

 

И најважно

Најважно од се, ние сите сакаме да уживаме во придобивките од сонцето, но деновите на печење додека не изгориме се одамна завршени. Уживајте во кратки интервали на сончање и не заборавајте на ја заштите вашата кожа од штетните знаци со широк спектар на УВАи УВБ заштита... бидејќи кожата е најубава кога е здрава!

Текст: Anna Blom  

Текст: Фотографии: Kamel Lahmadi & Oriflame Editorial Team