Која форма очила за сонце е за тебе?

Очилата се моден додаток што го изразуваат твојот стил и ја дополнуваат твојата облека. Без разлика дали твојата форма на лице е овална, срцевидна или квадратеста - ние ќе ти помогнеме да го одбереш најдобриот стил за тебе!

1. ФОРМА НА ЛИЦЕ: ОВАЛНА
Ако
имаш овална форма на лицето, твоите црти се балансирани, со широки јаболчици и блага форма на брада. Ваква форма имаат Џулиен Мур и Кејт Мидлтон. Ти имаш среќа, бидејќи ти прилегаат повеќето стилови! Само одбери ги големината и пропорцијата на очилата со лицето. Најдобри форми за тебе се: квадрат, мачкино око, авијатичарски и патнички.

2. ФОРМА НА ЛИЦЕ: ТРКАЛЕЗНА
Тркалезното лице има нежна форма, каде што ширината и должината се речиси еднакви. Ти си во друштво на Бијонсе и Мишел Вилијамс. Најдобра форма на очила за сонце за тебе се оние со аголни линии што ги изразуваат твоите јаболчици: квадратести, мачкини очи или патнички.

3. ФОРМА НА ЛИЦЕ: КВАДРАТЕСТА
Ако
твоето лице има аголни линии со еднакво широки јаболчици, чело и брада, тогаш ти имаш квадратесто лице. Ваква форма имаат Ријана и Натали Портман. Рамките што се протегаат низ најширокиот дел од твоето лице се најдобри за тебе, бидејќи ќе дадат поовална силуета на лицето. Најдобра форма за тебе е квадрат или мачкини очи.

4. ФОРМА НА ЛИЦЕ: СРЦЕВИДНА
Погледни го твоето лице и почувствувај ја љубовта! Твоето лице во форма на срце има широко чело и јаболчици што продолжуваат во издолжена брада. Ти си во друштво на Рис Витерспун и Скарлет Јохансон. Стиловите што одговараат на срцевидната форма (широки на горниот дел, тесни на долниот) изгледаат најдобро на тебе: мачкини очи, авијатичарски или патнички.

Одбери ги твоите очила за сонце во нашата Колекција Лето 2018!