Сте пробале ли парна бања или сауна до сега? Порите се отвараат и кожата се поти што помага во отстранување на токсините од телото и стимулирање на протокот на крв - тоа е блаженство. За да постигнете слично искуство дома, наполнете голем сад со многу жешка вода и држете го претходно исчистеното лице над садот околу 10 минути. Покријте се со крпа преку главата за поинтензивно искуство. Уште подобро ќе биде ако потоа се измието со нежен пилинг.
ДОМАШЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ
ОК, не е баш исто како третман во салон, но домашна маска за лице може да ви го подмлади лицето додека се опуштате - тоа е врвно уживање.
Пробајте некоја гел-маска доколку сакате ја подобрите влажноста на кожата без додавање масло - одличен начин за смирување на сензитивната кожа. Или можете да ја хидрирате и негувата возрасната кожа со маска со тенк слој, после која следи слој на хидратантен крем кој ќе ја задржи влажоста. Доколку имате кожа склона кон мозолчиња тогаш глинените маски ќе ви помогнат да ги исчистите порите, како и маските за чистење формулирани да ги отстранат црнките. За крај, пилинг-маска ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и другите нечистотии од кожата оставајќи ја кожата обновена и освежена.
МАСАЖАЗа свилено-мазна кожа од глава до пети, почастете се со топол туш или долга бања. Koристејќи ексфолирачка ракавица, измасирајте ја кожата со пилинг за тело. Сапун за масажа или четка за тело се одличен начин да ја стимулирате циркулацијата во областите склони кон целулит. Завршето со нанесување на масло за тело - ќе излезете од бањата чувствувајќи се како нова личност!
МАСКА ЗА КОСА
Нашата коса поминува низ многу: загревање, производи за стилизирање, боење - листата продолжува. Па затоа маската е едноставен - и смирувачки - начин да ја обновите. ВО зависност од маската, распоредете рамномерно со помош на широк чешел на влажна или сува коса, а потоа замотајте во крпа.
Маските за коса збогатени со природни масла (како масло од багед, шеа или арган) ќе ја хидрираат косата, поправат штетата и ќе ја заштитат косата правејќи ја да изгледа блескаво.
НЕГУВАЈТЕ ГИ СТАПАЛАТА
Смирете ги уморните стапала со домашен третман. Потопете ги стапалата во сад полн со млака вода и масирајте ги со пилинг-крем за да ги оемкнете. Користете специјализирана турпија за да ја отстраните мртвата кожа а потоа нанесете маска за стапалата да ви бидат меки. За потполно разгалување, облечете пар специјални чорапи за нега и хидратација - и буквално - кренете ги спалата и одморете се!