Како да го продолжиш траењето на твојот мирис

Можеш да облечеш кожена јакна и да ја носиш цел ден, но не можеш да го направиш истото тоа со мирисите. Ако некогаш си носела со себе тешко украсно шишенце од твојот омилен мирис, за да можеш повторно да го нанесеш во текот на денот, тогаш ќе ти се допадне оваа статија.

Што содржат мирисите?
Не е тајна дека има различни категории мириси, во зависност од концентрацијата на маслата што се содржат во нив. Колку е повисока концентрацијата на масла, толку е посилен и самиот мирис, трае подолго и вреди повеќе.

Сепак, многу луѓе не знаат дека долготрајноста на мирисите зависи и од видот на состојките. Посилните основни ноти, како дрвенести или ориентални ноти, како мошус, сандаловина или ванила, значат дека мирисот ќе трае подолго. Посвежите мириси често исчезнуваат побрзо и затоа цитрусните или цветните мешавини не се долготрајни.

Кога е идеалното време?
Потребно е повеќе размислување отколку што мислиш за да го одбереш идеалното време за нанесување мирис. Кожата треба да биде чиста, но не мокра, и треба да внимаваш да не направиш дамки на облеката. Најлесниот начин да го постигнеш овој навидум комплициран баланс е прво да се истушираш. Туширањето ги отвора порите и помага за впивање на мирисот. По туширањето, исуши ја кожата со крпа и потоа нанеси го мирисот.

За уште подолго задржување на мирисот, прво нанеси лосион. Ова ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми долготрајноста на мирисот. Почекај, лосионот да се впие, пред да се облечеш, бидејќи мирисот ќе се отстрани и може да остави дамки на облеката.

Каде да го нанесеш?
Сигурно знаеш дека сите нанесуваат мирис на зглобовите, но дали знаеш зошто? Поради местата со пулс, односно местата на телото на кои вените се поблиску до кожата и се потопли. Топлината го активира мирисот во текот на денот. Освен на внатрешниот дел на зглобот, други места со пулс има на вратот, зад ушите, но и зад колената и зглобовите.

Кожата е секогаш најдоброто место за нанесување мирис, бидејќи се поврзува со природните масла, но ако сакаш да ја задржиш својата мирислива аура во текот на денот, нанеси мирис и на косата. Дали забележа дека последниот пат кога беше покрај оган, не можеше да го отстраниш мирисот на чад со денови? Слично е и со мирисите, но со драстично подобар ефект. Само не нанесувај го мирисот директно на косата. Нанеси го прво на четката за коса, за да избегнеш сушење на кожата.

 

Како да ја зголемиш долготрајноста?
Постојат многу начини на кои можеш да ја зголемиш долготрајноста на мирисот, но најдобриот и наједноставен начин е да користиш производи од истата линија како твојот мирис. Ако гелот за туширање и лосионот го имаат истиот мирис, тогаш мирисот ќе биде засилен, а шансите да исчезне пред крајот на денот се помали. На пример, парфимиранот лосион за тело Miss Giordani помага да се задржи неодоливата италијанска елеганција на парфимираната тоалетна вода Miss Giordani за време на целата вечер.

Интересен трик е да нанесеш малку производ со вазелин, како на пример заштитниот балсам Tender Care, на местата на кои сакаш да го нанесеш мирисот. Квалитетните хидратантни својства на супстанцијата дејствуваат како супербогата хидратантна маст што ја зголемува долготрајноста на мирисот.

Немој да ги триеш зглобовите! Спротивно од популарното мислење дека на овој начин кожата впива поголемо количество мирис, со триење на зглобовите горните ноти исчезнуваат побрзо и ја намалуваат јачината на мирисот.

Доколку во текот на денот не можеш да го почувствуваш повеќе својот мирис, не мора да значи дека тој исчезнал од кожата побрзо од потребното. Наместо тоа, постојат големи шанси дека твојот нос повеќе не го регистрира мирисот по долго користење. Нашите мозоци имаат неверојатна можност да се приспособат на мирис со текот на времето, што значи дека иако ние самите не можеме да ги почувствуваме, другите можат. Затоа, избери го твојот мирис со внимание!

Текст: Фотографии: Орифлеим