Како да изгледате свежо по долга ноќ

Празниците значат дека навечер понекогаш остануваме до подоцна. Но, ако сакате да изгледате свежо и покрај недостигот од сон, ние ги имаме вистинските решенија за вас!

ПОТЕЧЕНИ ОЧИ
Потечените
очи се основен показател и проблем што сакате да го отстраните за да изгледате будно. Старите трикови, како триење со коцка мраз или држење ладна лажица под вашите очи прават чуда. Но уште подобро решение е да користите крем за очи што дава влажност и ја хидрира кожата.

Ви препорачуваме: NovAge Ecollagen Крем за очи

СУВИ УСНИ
Недостигот
од сон создава дехидратација, што придонесува за суви, испукани усни. Ексфолирајте ги вашите усни со памучен тупфер или четка за заби, па нанесете влажност преку балсам за усни. Доколку планирате да користите кармин, прво нанесете балсам за усни пред да почнете со вашето шминкање. На овој начин балсамот ќе се впие во кожата и вашите усни нема да бидат испукани.

Ви препорачуваме: Tender Care Балсам

БЛЕДА КОЖА
Бледата и изморена
кожа е најчест показател на недостиг од сон. Но тоа лесно може да се поправи! Започнете со нега на кожа што ќе ви ја зголеми блескавоста и ќе ја освежи вашата кожа. Потоа нанесете коректор за да ги исполните брчките, руж за да додадете боја и осветлувач на вашите јаготки, на коските под вашите веѓи и на внатрешните агли на вашите очи, со што ќе добиете блескав изглед. Погледнете како да го направите тоа во ова видео.

Ви препорачуваме
: NovAge True Perfection Сет

ТЕМНИ КРУГОВИ
Најчесто
ги гледаме во филмовите со зомби, темните кругови буквално ве прават да изгледате мртво. Затоа погрижете се за нив со жолтеникав или портокалов коректор. Бонус-совет, нанесете го коректорот во форма на превртен триаголник доколку сакате да добиете ефект на подигната кожа.

Ви препорачуваме
: The ONE Корективен сет

УМОРНИ ОЧИ
Црвените, уморни
очи не се убава глетка. Но со малку шминка можете одлично да го прикриете црвенилото. Нанесете бело моливче за очи или во боја на кожа врз долната линија на очниот капак, или нанесете бела сина или сива сенка за очи, со што вашите очи ќе изгледаат посветло. Исто така можете да ги извиткате вашите трепки и да нанесете маскара за да изгледате посвежо.

Ви препорачуваме: The ONE Kajal Туш за очи

 

 





Текст: Фотографии: Martin Petersson, Getty Images