Силна коса при промена на сезоната

Силна коса при промена на сезоната Сигурно те загрижува како ќе влијае на твојата коса доаѓањето на новата сезона. Ако не можеш да најдеш добра нега за косата при менувањето на сезоните, следи ги овие неколку совети за лесно одржување цврста и здрава коса во текот на целата година.

#1 ПОГРИЖИ СЕ ЗА ИСПУКАНИТЕ ВРВОВИ

Зимата ја оштетува косата на многу начини: снегот, дождот и промените на температурата можат да ја направат твојата коса сува и кршлива. Пробај го серумот против раздвоени врвови HairX Advanced Care Ultimate Repair, за конечно да можеш да ја извадиш капата и да откриеш прекрасна коса. Нанеси една капка на врвовите, на коса исушена со крпа, и добро распредели.

#2 КОРИСТИ ШАМПОН ЗА БОЈАДИСАНА КОСА

По зимата, бојадисаната коса може да го загуби сјајот, затоа ова е одличен начин брзо да го заживееш твојот омилен изглед! Шампонот HairX Advanced Care Colour Reviver го спречува избледувањето на бојата на косата и ја одржува бојата блескава и свежа. Линијата Colour Revive е составена од шампон, регенератор и маска за коса, сè што ти е потребно за да уживаш во твојата омилена боја напролет!

#3 ИСЧЕШЛАЈ И ОТПЛЕТКАЈ

Потребно е да ја чешлаш косата, без оглед на сезоната. Освен што ја одржува косата средена и здрава, чешлањето функционира и како масажа и ја стимулира циркулацијата на крвта во скалпот, што помага да се распределат природните масла во косата, а резултатот е погуста и поцврста коса. Во зима косата најчесто е сува, послаба и склона на оштетување. Не заборавај да ја отплеткаш косата, почнувајќи од врвовите, и користи чешел со широки запци, за да избегнеш оштетување. Избери четка или чешел што најмногу ти одговара од нашата колекција.

#4 ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Ако на твојата коса ѝ е потребна поинтензивна нега, избери маска за коса и уживај во домашно спа. Нанеси ја маската рамномерно од коренот до врвовите на косата, со чешел со широки запци. Остави ја 5 минути, а потоа темелно исплакни ја. Можеш да го додадеш и повеќенаменскиот спреј за коса HairX Advanced Care. Испрскај го на врвовите на косата, која треба да е исушена со крпа, и веднаш заштити ја и разубави ја косата.

#5 ЗАЦВРСТИ ЈА КОСАТА

Грижи се за косата и однатре. Одржувај ја косата цврста со две капсули Нутри-комплекс за коса и за нокти дневно. Капсулите ѝ помагаат на косата да стане поцврста и поздрава и ја штитат од оштетување и од опаѓање. Додај ги во твојата дневна рутина!

Текст: Фотографии: Орифлеим