Kaко да го пронајдете совршениот летен мирис

Летото е совршена можност да го освежите мирисното портфолио. Но да се пронајде својот мирис може да одземе повеќе време – а никој не сака да губи од драгоценото време! За да ви заштедиме време селектиравме мириси за секој ден и секое расположение, вие треба само да изберете!

СЛОБОДЕН ДУХ


Топлото време го буди боемскиот дух во нас. Во вашиот свет релаксираните летни денови поминуваат без распоред. Ова лето, неколку фустани со цветен принт и егзотичен мирис е добитната комбинација. Ноти од ванила, амбер или пачули – ориенталните мириси се совршени.  

Препорачуваме:      
30886 Possess Eau de Parfum

 

НА ПЛАЖА

Деновите облеани во сонце и солената морска вода бараат лесни и воздушести мириси. Тоалетната вода треба да е цветна, овошна или со зелени ноти кои ќе ги разубават миговите поминати на плажа.

Препорачуваме: 
31296 SOLAR Eau de Toilette

 

ВО ГРАДОТ

Иако градовите се речиси празни за време на летните месеци, вие сепак одлучивте да останете тука. Вашиот избор на мирис може да направи моментална импресија. Коктел од сандаловина, амбер и мошус е задолжителен за вас.

Препорачуваме: 
11367 Amber Elixir Eau de Parfum

 

ЗА АВАНТУРА

Вие не се плашите да го искористите топлото време за истражување на недопрената природа. Овие денови разубавете ги со мирисна композиција од овошни и свежи ноти. Цитрусот ја зголемува енергијата – совршен е за откривање нови места.

Препорачуваме: 
21566 Volare Magnolia Parfum de Toilette

 

МОДЕРНА РОМАНТИКА

Вашиот летен мирис треба да е рефлексија на вашето летно расположение: свеж, јасен и неповторливо женствен. Помирисајте букет од роза, орхидеја и јасмин.

Препорачуваме:  
23838 Lovely Garden Eau de Toilette 

Текст: Фотографии: Oriflame E-Marketing Team