Како да постигнеш неверојатен волумен

Нема ништо погламурозно од бујна коса. Прочитај го нашиот водич и дознај како да создадеш коса што ќе го привлече вниманието на сите!

1. ШАМПОН И РЕГЕНЕРАТОР
Клучно за неверојатен волумен е да ја започнеш рутината со специјален шампон за волумен и со регенератор. Измиј ја косата убаво и потоа нанеси регенератор од средината на влакното до врвот.

2. ФЕНИРАЊЕ
Следниот чекор е сушење на косата. Користи техника за волумен: одвој ја косата на делови и фенирај од коренот со овална четка.

3. ДОДАЈ ТЕКСТУРА
За да ја издигнеш косата, корсти професионален трик: сув шампон. Протреси убаво и испрскај на 20 см од косата, концентрирајќи се на коренот.

Текст: