Како да создадеш домашно спа на шведски начин

Се обидуваш да најдеш начин да се ослободиш од целиот стрес што се насобрал во тебе во последните неколку недели? Ден во спа е идеален начин да се ослободиш од психичкиот и физичкиот напор. Сепак, бидејќи професионалните спа-третмани може да ја намалат твојата заштеда, во овој водич ќе ти покажеме како да создадеш автентично и реалистично домашно спа на шведски начин.

Прво, треба да одвоиш малку време и да се ослободиш од сите обврски за да можеш навистина да се релаксираш. Ако имаш бебе за кое треба да се грижиш, јави ѝ се на дадилката или на некој кому можеш да му веруваш, за да го чува еден или два часа.

Следно, треба да собереш колекција за твојот спа-ден. Погледни ја нашата листа со спа-производи што ќе го направат твојот ден совршен!

  • Масло за тело Swedish Spa Mirror Ocean
    Ова масло содржи хранливи состојки, како масло од бадем, масло од канола и витамин Е, кои го подобруваат здравјето на твојата кожа, правејќи ја хидрирана и мека.

  • Whipped Waves Путер за тело Swedish Spa 
    Овој прекрасен путер за тело ќе ја направи твојата кожа мазна и мека. Путерот за тело содржи мешавина од шеа-путер, масло од кокос, канола и сладок бадем, кои длабински ја хидрираат твојата кожа.

  • Swedish Spa Smooth Rocks Сапун за пилинг и за масирање 
    Овој сапун за пилинг има пријатен мирис, го отстранува горниот слој мртви клетки и ја подобрува циркулацијата на крвта во твојата кожа, за таа да изгледа свежо и младо.

  • Swedish Spa Пилинг за тело со кристали од сол 
    Овој пилинг за тело со хранливи кристали од сол физички ги отстранува мрвите клетки и нечистотии.

  • Swedish Spa Tranquil Drops Смирувачко масло за бањање
    Со етерични масла и екстракти од витамин Е, ова смирувачко масло за бањање е сè што ти е потребно за да создадеш совршена бања! Неговиот мирис има смирувачко дејство.

Откако ќе ги собереш сите овие производи, време е да започнеш со шведското спа.

Пушти тивка и смирувачка музика, наполни ја кадата, приготви ја твојата омилена здрава напивка и наполни ја кадата со млака вода. Земи повеќе мали крпи за твоето лице и тело и стави ги во близината на кадата.

Следно, додај го во кадата смирувачкото масло за тело Swedish Spa Tranquil Drops. Маслото има неверојатен мирис и ќе те опушти и релаксира веднаш. Потоа уживај во млаката вода 15-20 минути. Слушај музика или пушти некоја убава аудиокнига и затвори ги очите. Дозволи мирисот и музиката да ти помогнат да се ослободиш од стресот.

Потоа исуши ја кожата и искористи го сапунот за пилинг и за масирање Swedish Spa Smooth Rocks, за да направиш пилинг на кожата и да ги отстраниш нечистотиите. Измиј го сапунот, а потоа нанеси пилинг за тело со кристали од сол Swedish Spa. Нанеси го пилингот со кружни движења низ целото тело.

Потоа измиј го телото и нанеси масло за тело Swedish Spa Mirror Ocean или путер за тело Swedish Spa Whipped Waves.

И, тоа е сè! Твоето автентично искуство на шведско спа дома. Мора да го пробаш!

Текст: Фотографии: Орифлеим