Каков гел за туширање ти одговара?

Лесно забораваме дека различни типови кожа имаат потреба од различна нега. Користењето обичен сапун за чистење на кожата е нешто недозволиво, но како да знаеш каков гел за туширање да користиш? Прочитај и дознај

СУВА КОЖА
Никој
не сака да ја чувствува својата кожа како картон. За сува кожа се препорачува кремаст гел за туширање. Кремастиот гел е нежен за сувата кожа и не содржи сапун што ја суши кожата. Барај состојки што ја регенерираат и ја хидрираат кожата, како на пример маслиново масло, алое вера или мед, и обрати внимание дали содржи витамини како што се А, Б1 и Е.

УМОРНА КОЖА
Без
разлика дали причина се временските услови, лошата исхрана или недостигот од витамини, сите знаеме како е да имаме уморна кожа. Постојат три работи што треба да ги правиш кога ќе почувствуваш дека кожата има потреба од освежување. Прво, пиј доволно вода. Второ, редовно прави пилинг. Трето, хидрирај ја кожата. Редовниот пилинг ги отстранува мртвите клетки од кожата, а можеш да користиш и гел за туширање што прави пилинг, со состојки како јагода и лимета или киви. 

ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА 
Премногу
сувата кожа, алергиите или егземата им се познати нешта на оние со чувствителна кожа. Сепак, нема простор за паника, бидејќи ние сме тука. Прво, не користи мирисливи лосиони за тело или гелови за туширање, туку секогаш користи кремасти производи за чувствителна кожа. Прави пилинг внимателно со природни производи со пХ-баланс. Добар избор е гел за туширање со авокадо, бидејќи тоа содржи антиоксиданти и витамини.

МРСНА КОЖА 
Прекумерното
количество маснотија може да создаде акни и црвенило ако не се грижиш соодветно. За среќа, постојат одлични гелови за туширање за овој тип кожа. Производството на себум кај ваквата кожа е резултат на генетика и хормони и затоа не се обидувај да пронајдеш гел за туширање што хидрира а не додава мрснотија. Одбери полесни гелови за туширање, кои прават нежен пилинг за да ги намалиш црвенилата и да ги одзатнеш порите од мртвите клетки и од себумот. Ментолот е одлична состојка, бидејќи ја освежува кожата, или екстракти од природни состојки, како на пример малина, која содржи антиоксиданти и витамин Ц.

Текст: