Како да купувате шминка од интернет

Купувањето шминка од интернет е сѐ попопуларно. Но што ако никогаш не сте купувале претходно? Ние сме тука да ви помогнеме!

ДОЗНАЈТЕ КАКОВ ВИ Е ПРИРОДНИОТ СЈАЈ НА КОЖАТА
Кога купувате производи за беспрекорна основа (пудра, коректор итн.) треба да го знаете вашиот природен сјај. Вашиот природен сјај е топол, ладен или неутрален тен, кој се гледа низ бојата на вашата кожа. Тенот е постојан, дури и кога површинскиот слој на кожата (видливата боја на вашата кожа) се менува - кога потемнувате или имате акни.

Тогаш, како да дознаете каков ви е природниот сјај на кожата? Трикот што најчесто се користи е проверка на вените од вашата подлактица. Ако вените се сини или виолетови, тогаш вашиот природен сјај е ладен и треба да барате зборови како розов, црвен или бронзен. Но ако вените се зеленикави, значи имате топол природен сјај на кожата и треба да барате зборови како жолт, златен, портокалов итн. Луѓето со неутрален тон имаат мешавина од двата и можат да ги носат речиси сите нијанси.

Вашиот природен сјај исто така може да влијае и на тоа кои други бои ви прилегаат. Ладниот природен сјај може да изгледа одлично со златна шминка, а земјените тонови им одговараат на луѓето со топол природен сјај.

ДОЗНАЈТЕ КАКОВ Е ВАШИОТ ТИП НА КОЖА
Типот
на кожата е наредното нешто што треба да го имате предвид кога купувате од интернет. Типот на кожата влијае не само на производот што треба да го купите туку и на неговите карактеристики. На пример, пудрест крем е добар за кожа со акни, но пудрата ќе ви даде подобра покриеност. Хидрирачките производи се добри за сува кожа, а мрсната кожа има потреба од нешто што матира. Затоа, секогаш проучете ја кожата пред да размислите каков резултат посакувате.

НАУЧЕТЕ ГИ ТЕРМИНИТЕ
Описите
на интернет секогаш се корисни. Ви даваат многу информации за составот, квалитетот и за особините на производите. Затоа, одвојте време да ги прочитате и да научите нови термини ако има потреба. Исто така, научете како се разликуваат различни производи од иста категорија. На пример: која е разликата помеѓу сјај за усни или кармин, или помеѓу руменило и бронзер. Колку повеќе знаете, толку подобри работи ќе купите.

ДОЗНАЈТЕ КАДЕ ДА БАРАТЕ
Можеби
не можете да си дозволите да ги пробате работите лично кога купувате од интернет. Но, не плашете се! Во оваа дигитална доба сигурно ќе најдете некој што пробал. Ако сакате да видите како се користат производите, ви ги препорачуваме Инстаграм или Јутјуб. Таму можете да најдете рецензии, препораки и водичи. Не само што ќе можете да видите како производите прилегаат на кожа слична на вашата туку можете и да научете некоја финта. Побарајте го името на производот со тараба или директно во пребарувач.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НАШАТА АПЛИКАЦИЈА - MAKEUPWIZARD 
Сѐ уште сакате да го пробате производот пред да го купите? Тогаш, ние го имаме решението! Само симнете ја нашата прекрасна апликација Makeup Wizard, што ви овозможува виртуелно да ги тестирате производите и да ги видите крајните резултати. Можете дури и да се фотографирате и да ги прашате блиските за совет. Апликацијата не нуди само совети туку и забава!

КОНТАКТИРАЈТЕ СО КОНСУЛТАНТ
Не
заборавајте, експертите се секогаш тука да ви помогнат! Нашите талентирани консултанти знаат сѐ за нашите производи и ќе ви понудат совети во зависност од вашите потреби. Ако немате досега контактирано со консултант, посетете го нашиот сајт!




Текст: Фотографии: Софија Марињо Де Лемос