Основата за сенка е неопходна
Основата за сенка создава беспрекорна подлога за сенката за очи и ја одржува јачината на боите на твојата шминка. Исто така, таа помага за изедначување на сенката.
Избери основа што ги крие несовршеностите на твоите очни капаци и им дава мазен изглед без сјај. Ако сè уште не ја имаш најдено совршената основа, пробај ја основата за сенка за очи The ONE.
Колку повеќе, толку повесело
Што се однесува до сенката за очи, секогаш е добро да имаш најмалку 4 бои за изедначување: темна, средна, светла и светкава нијанса.
Најди го совршениот спој и комбинирај разни нијанси за очи, лице и образи. Пробај бисерни нијанси и нијанси без сјај за да создадеш модерен и единствен изглед. Погледни ги нашите сенка за очи The ONE Make-up Pro и палета со огледалце The ONE Make-up Pro!
Прецизноста е клуч на совршенството
Користи сјајни сенки на очните капаци и под веѓите, а нијансите без сјај нанеси ги над подвижниот очен капак. Нанеси ја потемната нијанса со движења напред-назад на надворешниот крај од окото и над подвижниот очен капак. Нежно изедначи ја сенката. Може да користиш чиста мека четка за да ги изедначиш краевите.
Ние ја искористивме нијансата без сјај Roasted Coffee на надворешниот крај на капакот, а потоа ја нанесовме светкавата нијанса Raw Copper за да ја нагласиме бојата пред да ги изедначиме двете нијанси. На внатрешниот дел од окото ги нанесовме светкавите нијанси Honey Blush и Dusty Rose и ги распределивме кон веѓите.
Убавината е во деталите
Светли светкави нијанси на центарот на очниот капак и внатрешниот дел од окото ти даваат одморен изглед и илузија на подигнати веѓи.
Под веѓите ја нанесовме светкавата нијанса Crisp Silver, а светкавата нијанса Pure White на внатрешниот дел од очите со мала четка.
Спој, комбинирај, пополни и обнови ја твојата палета, а потоа изедначи како професионалец за беспрекорен изглед!