Како се нанесува течна пудра правилно?

Во потрага си по течна пудра што е исто толку динамична како тебе и што ќе остане во чекор со секоја пречка во твојот живот? Ние имаме решение! Ти ја претставуваме The ONE Everlasting Sync, првата паметна течна пудра на Орифлеим, со иновативна технологија Skin Response, создадена да ја синхронизира твојата кожа со средината околу тебе, за долготраен свеж изглед. Пробај ја течната пудра Everlasting Sync денес и следи ги нашите совети за најдобри резултати.

Дознај го својот поттон
Течната пудра The ONE Everlasting Sync има 15 нијанси што одговараат на топол, ладен и на неутрален поттон. Дознај го твојот природен поттон, за да ја избереш совршената нијанса за твојот тен. Погледни ги вените на зглобот на природна средина. Доколку се зелени/маслинести, имал топол поттон. Доколку се сини/виолетови, имаш ладен поттон. Доколку вените ти се сини/зелени, имаш неутрален поттон. Сега, искористи го нашиот водич за нијанси, за да ја најдеш најдобрата нијанса за тебе!

Не нанесувај преголемо количество од производот
За да имаш беспрекорен тен со природен изглед, секогаш следи го овој клучен совет: помалку е подобро! Доволно е да притиснеш 1-2 пати на пумпичката, за целосна покривност. Нанеси го производот директно на лицето со апликаторот за течна пудра Hybrid, со четка или со чисти прсти. Почни од челото, носот и образите, а потоа продолжи кон другите делови од лицето. Измазни и изедначи, за прекрасен природен изглед.

 

Користи чисти алатки за шминкање
Од четки до сунѓерчиња, алатките за шминкање се неопходни за совршено нанесување. Но дали знаеш дека четките и алатките може да содржат бацили и бактерии. Доколку не се исчистат соодветно, бактериите може да се пренесат на шминката и на кожата... Бљак! За да ги исчистиш четките, измиј ги влакненцата со млака вода и со сапун. Нежно триј ги влакненцата додека се исчистат, а потоа исуши ги со мека крпа. Користи ја алатката за чистење четки, за да добиеш најдобри резултати. За чистење сунѓерчиња наполни еден сад со топла вода со сапун и потопи го сунѓерчето 30 минути. Исуши го со крпа.

 

Не нанесувај пудра само на лицето
Видлива линија на вилицата создава илузија дека главата ти е одделена од вратот. Освен кога носиш ролка, во сите други ситуации изедначи ја течната пудра на вратот. Твоите прсти се одлични за изедначување на течната пудра. Изедначи додека се впие производот и постигнеш униформиран изглед.