Одлична коса без разлика на временските услови!

Кога ќе помислите дека сте успеале да ја средите косата, времето повторно се променило и вие сте повторно на почеток. Топлина, влажност, дожд и ветер може - но не мора - да ви ја упропастат фризурата. Еве како да ја оджите косата недопрена, без разлика на временските услови!

Клима: Студено време
Предизвик: Сува и безживотна коса 
Решение:

Исто како и кожата, и косата страна кога температурите се спуштаат. за да се изборите со сувоста која води кон разлетана коса и кршливи врвови, пробајте да користите богата хидратантна маска која ќе ги негува кутикулите на косата. За да ги зголемите нивоата на влажност во косата, пробајте да додадете масло - како арганово - во вашата рутина за нега на коса, бидејќи тоа ќе ја задржи влажноста кога надвор е студено. А, за да изборите против сувоста настаната од централно греење. инвестирајте во навлажнувач на воздух кој ќе им помогне и на вашата коса и кожа. 

Клима: Влажно и врнежливо
Предизвик: Разлетана и безживотна коса
Решение:

Влажносто време значи ноќна мора за оние склони кон разлетана и бушава коса. Немојте претерано да ја сушите косата со шампони, врела вода и преса за коса, наместо тоа додајте навлажнувач во вашата стандардна рутина.

Сувите масла ќе се апсорбираат во косата наместо да останат на нејзината површина, подобрувајќи ја нејзинзата сплесканост. Пробајте да нанесете серум или производ за измаснување на косата за да ги задржите сјајот и да го контролирате разлетувањето. И секогаш кога времето е влажно, останете подалеку од лепливи производи за стилизирање на коса, како гелови, пени или лак за коса бидејќи тие само ќе ја направат косата потешка. 

 

КлимаТопли и сончеви деновиH
ПредизвикСува коса и боја која избледува
Решение:

Исправањето на косата со преса и фенирањето ги оштетуваат кутикулите на косата, што предизвикува кршење и избледување на бојата - исто така ја прават косата посклона кон оштетување од УВ здраците, затоа оставете ги топлинските алатки на страна кога надвор е топло. Исто така добро е да ги вратите природните масла на косата, пазатоа додајте влажност со хидратантна маска и користете хидратантни масла. Производ за заштита од топлина исто така е ефективен начин да се заштите од птетните сончеви зраци. А ако одите на базен, измијте ја косата веднаш по пливањето за да го отстраните хлорот а потоа заштитете ја косата со капче доколку планирате да седите на сонце.

 

КлимаСилен ветер
Предизвик: Непослушна коса
Решение

Го знаете чувството: излегувате од одма и пред да тргнете, вашата коса е залепена за сјајот за уста и изгледа потполно растурено! Во ветровитите денови, можете да ја осигурате косата така што ќе направите фризура која ја собира косата. Соберете ја косата наназад  и додајте волумен, и прицртете ја со лак за коса пред да ја соберете во пунџа. Или доколку имате виткана коса, можете да користите пена за коса со кератинска формула пред да ја повлечете косата наназад.




Текст: Фотографии: Getty images