Прекрасни очи со OnColour - водич чекор по чекор

Знаеме дека шминкањето за „зачаден“ изглед е тешко! Затоа создадовме неколку едноставни чекори за следење, за да можеш лесно да го создадеш овој изглед.

Чекор 1
Ајде да почнеме! Користи сплесната четка за сенка, за прецизно нанесување, и интензивна боја. Ние ја искористивме двостраната четка за сенка за очи Precision. Нанеси ја единечната сенка OnColour, во нијансата Silver Grey, на центарот на очниот капак, со тапкање. Нанесувај ја сенката во повеќе слоеви, во мали количества.

Чекор 2
Потоа, едноставно искористи ја страната на четката со сунѓерче и нанеси ја единечната сенка OnColour во нијансата Dazzle Beige. Ние ја користиме за нанесување на посветлата сенка на краевите на окото. Ова помага очите да изгледаат будно, дури и кога користиш потемни нијанси на сенка за очи за преостанатиот дел од изгледот.

Чекор 3
Сега е време за малку драматичност! Ова можеби изгледа тешко, но ние ти ветуваме дека не е така. Нанеси ја единечната сенка за очи OnColour во нијансата Velvet Black на надворешниот дел од окото, во облик на буквата V, како стрелка што покажува нанадвор. Продолжи полека да ја тапкаш сенката и да додаваш повеќе боја. Сега, со чиста четка за изедначување Precision, нежно нанеси под веѓите со полукружни движења за да ги изедначиш острите линии.

Чекор 4
Земи ја истата сребрена сенка за очи и нанеси ја на долниот дел од окото.

Чекор 5
За да го комплетираш изгледот, нанеси го двостраното моливче за очи OnColour Perfect во нијансата Black & White и со црната страна нацртај линија на горниот капак до трепките. За овој изглед искористи ја маскарата за волумен OnColour Big Lash, која им дава интензивен волумен на трепките!

Чекор 6
За крај, нанеси коректор под очите за да ги осветлиш и покриеш темните подочници. Нанесовме руменило OnColour во нијансата Cool Pink на јаболчиците за малку топлина, а за усните искористивме прекрасна природна боја. „Зачадените“ очи доаѓаат до израз благодарение на усните во природна боја!

И тоа е сѐ што е потребно за едноставен, шик и интензивен изглед! Одвај чекаме да ја видиме твојата шминка! Искористи ја ознаката #getOnColour на социјалните мрежи, за да можеме да го видиме твојот изглед!

Текст: