Малку светки за празничен изглед
Празничната атмосфера се препознава на прв поглед. Простории украсени со светкави предмети и мали светки. Зошто и твојата шминка да не ја отсликува истата атмосфера? Светкавите сенки за очи со металик-нијанси веднаш ќе те подготват за забава, а блескавата маскара ќе ги осветли твоите очи и ќе им го додаде завршниот празничен белег. Како да го создадеш овој празничен изглед? Ние ќе ти помогнеме.
Празниците не се исти без светки, нели? Нанеси ги вообичаениот крем за лице, подлога за шминка, течна пудра и коректор. Секогаш прво ги шминкам очите. Земи златна сенка за очи во стик The ONE и нанеси ја на горниот очен капак (кај преклопот). Изедначи со чиста четка за сенка за очи или со прстот и провери дали сенката е еднаква на двете очи пред да продолжиш. Потоа, ако сакаш златната боја да биде понежна, додај малку бронзена нијанса за да создадеш подинамичен и празничен изглед. Изедначи со четката или со прстот, сѐ додека златната и бронзената боја не се прелеваат совршено. Додај уште малку златна нијанса на краевите на окото, до носот, за повпечатлив изглед.
Блескави трепки
Замени ја обичната маскара со Wonder Lash XXL Black Star и додај им светки на твоите трепки. Оваа интензивна маскара е интересна празнична варијанта на класичната црна маскара. Омилена ми е оваа сезона и за прекуден и за навечер. Можеш да додадеш и црн туш за очи, како тушот за очи Тhe ONE Wonder Liner, за поголема нагласеност и екстравагантност. Подготви се за нов подобар изглед, со оваа празнична шминка.
Завршен сјај
Секогаш уживам кога му ги додавам последните допири на мојот изглед, што за мене се ноктите. Оваа сезона празничниот лак за нокти OnColour има светкави нијанси што брзо се сушат и што одговараат на секој твој изглед. Доколку претпочиташ суптилни празнични нијанси, има две нови нијанси што сигурно ќе ти се допаднат. Нивниот сјај ќе направи твојата облека да заблеска и ќе му го даде завршниот допир на твојот празничен изглед.
Космички сјај
Време е да бидеш центар на вниманието, затоа создај спектакуларен изглед! И искрено, секој Орифлеим-изглед е совршен за празниците, но овој ми е омилен!