ЧИСТЕТЕ ГО ЛИЦЕТО СООДВЕТНО
Фрлете го сапунот и користете средство за чистење лице соодветно на вашиот тип на кожа. Геловите, млекате и пените за чистење дејствуваат различно, во зависност од вашите потреби. Доколку имате сува кожа, користете млеко за чистење, додека пак на масната кожа повеќе и одговара гел. Нежно измасирајте го лицето со кружни движења и бидете внимателни да не го гребете – претерено миење и триење можат да ја иритираат вашата кожа. Не заборавајте да го завршите процесот на чистење со нанесување на тонер кој ќе ги исчисти останатите траги од нечистотија и пминка и ќе ви помогне да ја балансирате кожата.
НАНЕСЕТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ ПО ПРАВИЛНИОТ РЕДОСЛЕД
Користењето на целосна рутина во 4 чекори има краткотрајни и долготрајни придобивки. Таа ги максизира ефектите на производите кои ги користите, давајќи ви подобри резултати додека во исто време ја прави вашата кожа поздрава и со помлад изглед. Производот кој го користите прв, навлегува најдлабоко во кожата. Првиот производ кој го нанесувате треба да има најлесна текстура. Потоа, продолзете со потешките текстури кои навлагуваат потешко, за крај. За најдобри резултати, почнете со чистење и тонирање, потоа нанесете крем за очи, следен од серум и на крајот вашиот дневен или ноќен крем.
ТАПКАЊЕТО Е ПРАВИЛНИОТ НАЧИН
Тапкањето е подобро од втривањето на производите во вашата кожа. Понежно е, бидејќи не ја притиска и влече кожата, што понатаму би резултирало со создавање повеќе линии.
НАУЧЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ПРАВЕЦ
Кога нанесувате крем за очи, потрудете се да го натапкувате од внатрешниот кон надворешниот агол на окото. Нанесете крем за очи на надворешниот дел, избегнувајќи контант со окото. На лицето, нанесувајте од вилицата нагоре, или од средината кој нанадвор.