5 решенија за раздвоени врвови

Прекуглава ти е од оштетена коса и раздвоени врвови? Не мора да одиш на стрижење! Еве што можеш да сториш за да ја третираш оштетената коса без да ја кратиш!

1. ИСЧЕШЛАЈ ЈА КОСАТА ПРЕД ТУШИРАЊЕ
Правилното
чешлање на косата пред туширање ќе го спречи испреплетувањето што може да настане по туширањето и при сушењето.

2. КОРИСТИ РЕГЕНЕРАТОР ШТО НЕ СЕ ИЗМИВА
Обичните регенератори можат да ја омекнат косата. Но кога станува збор за раздвоени врвови, ти треба нешто поинтензивно. Пробај регенератор што не се измива или серум за долготрајна обнова.

Наш совет: HairX Серум за оштетени врвови на косата

3. ОДМОРИ ГИ АПАРАТИТЕ ЗА КОСА ШТО ИСПУШТААТ ТОПЛИНА
Овие
апарати (како што се пеглата и фенот за сушење коса) може да ја оштетат твојата коса, па затоа користи ги најмалку што можеш. Ако сепак мораш да ги користиш, заштити ја косата со спреј за заштита.

Наш совет: HairX Спреј за заштита на косата при фенирање

4. ПРОБАЈ МАСЛО ЗА КОСА
Маслото
за коса е одлично за оштетената коса, бидејќи тоа навлегува длабоко во влакното и го храни однатре. Нашите масла за коса содржат арганово масло, масло од роза и од чичка и витамин Ф и имаат немрсна формула.

Наш совет: Eleo Soft Touch Масло за коса

5. КОРИСТИ МАСКА ЗА КОСА ЕДНАШ НЕДЕЛНО
Како
што кожата има потреба од интензивна хидратација одвреме-навреме, така и косата има потреба од интензивен третман. Погрижи се маската за коса да биде дел од твојата неделна рутина за убавина!

Наш совет: Eleo Маслена маска за коса

Текст: