5 трикови да ги направите усните да изгледаат поголеми!

Денес, полните усни се сметаат за клучни за убав изглед. Но доколку немате природно полни усни (како повеќето од нас) - не очајувајте. Уметничкиот директор на Орифлеим, Jonas Wramell, ви нуди неколку совети за тоа како вашите усни да изгледаат поголеми со помош на шминка.

СОВЕТ #1 ОДБЕРЕТЕ ГИ ВИСТИНСКИТЕ НИЈАНСИ

“Бојата и светлината играат многу голема улога во тоак олку големи односно мали ќе изгледаат вашите усни. Доколку вашата е цел е натпавите усните да ви изгледаат пополно, тогаш избегнувајте ги темните нијанси и наместо нив одберете посветли. Тоа е основна теорија на боја: Кога светлината се одбива од некоја површина, создава илузија дека таа површина е поголема. Но многу темните површини ја апсорбитаат светлината, па прават тие да изгледаат помали. И ви велам дека треба да го оставите црвениот кармин, но да барате посветла црвена наместо темно-црвените и виолетовите тонови.”


СОВЕТ #2 THE CONVERTED LIP LINER
“Најлесниот начин да постигнете изглед на пополни усни е тахника наречена “преобразен молив за усни”. Користете месо-боја молив за очи или коректор за лесно да ги обрабите усните или да нацртате точки околу линиите на  горната усна што ќе ги измешате и размачкате со помош на мала четкичка. Овој трик ја наглацува вашата природна линија на усната давајќи и илузија на поголем волумен - без да треба да користите молив за усни. Но бидете внимателни за да не изгледате како штотуку да сте испиле чаша млеко.”  


СОВЕТ #3 ИГРАЈТЕ СИ СО СВЕТЛИНАТА 
“Уште еден трик е да си играте со светлината (веќе ја научивте основата во првиот совет!).  Ако нанесете малку хајлајтер или коректор во средианта на горната и долната усна, светлината ќе се одбива од овие делови. Ова ќе ги донесе вашите усни со преден план, креирајќи изглед на совршено полна уста.” 

"Кога светлината се одбива од некоја површина, создава илузија дека таа површина е поголема."

СОВЕТ #4 ОМБРЕ УСНИ

“Ако светки, сјај и хајлајтери не се ваш избор, не грижете се, има упте еден трик - омбре усни. За тоа ви се потребни две нијанси: една потемна за да го исцртате надворешниот дел и една посветла за внатрешниот дел на долната и горната усна. Исцртајте ја природната линија на усните со потемен кармин или молив за усни - можете оваа линија да ја направите малку поголема. Потоа користете ја посветлата нијанса во центарот на усните и измешајте ги двете бои заедно. Повторно, со нанесување на светлата нијанса, го нагласувате 3Д-ефектот.”  


СОВЕТ #5 СЈАЈ 

“Сјај за усни! Едноставен а ефикасен: нанесувањето безбоен сјај за усни врз вашата омилена боја на кармин не само што ќе додаде сјај, туку и ќе креира рефлектирачка површина која ведна ќе создаде илузија на пополни усни.”



Текст: Фотографии: Kristin Wreyford