Исхрана
Проблем: постои врска помеѓу исхраната со високо ниво шеќер и мозолчињата. Сигурно не те изненадува тоа што шеќерот ѝ штети на кожата.
Решение: храната со шеќер треба да биде повремено уживање, а не храна што секојдневно се консумира. Замени ги белиот леб и тестенините со варијанти богати со диетални влакна и со цели зрна, намали го целокупното внесување шеќери и збогати ја исхраната со витамини, минерали и омега 3, кои се добри за кожата. Твојата кожа ќе изгледа прекрасно!
Стрес
Проблем: стресот го зголемува кортизолот, кој, пак, го зголемува производството на мрснотии во кожата, кои може да ги влошат мозолчињата. Зголеменото производство на кортизол може да го наруши и сонот, што го влошува изгледот на кожата, бидејќи таа се обновува во текот на ноќта.
Решение: во денешното општество, стресот тешко се избегнува и поради тоа важно е да се одмориш. Добра идеја е да прошеташ во природа, што може да ги намали физичкиот и психолошкиот стрес. Докторите во Обединетото Кралство почнаа да им ја пропишуваат „природата“ на своите пациенти, за намалување на анксиозноста и зголемување на среќата.
Пушење
Проблем: пушењето е еден од главните фактори што предизвикуваат митесери и мозолчиња кај жените над 25 години. Тутунот ја стимулира хемикалијата што влијае врз производството на себум и затнувањето на порите.
Решение: доколку си пушач, откажувањето од цигари е една од најдобрите работи што можеш да ги направиш за твојата кожа и за твоето целокупно здравје. Можеби не е лесно, но сигурно вреди!
Влага
Проблем: можеби топлото време е прекрасно, но мрсната кожа и затнатите пори може да се влошат во текот на влажните летни месеци.
Решение: што можеш да направиш? Користи производи што го намалуваат вишокот производство на себум и го спречуваат затнувањето на порите. Производите што содржат салицилна киселина се особено делотворни!
Нега на кожа
Проблем: многу жени претерано ја чистат мрсната кожа, поради што таа се суши и се појавува исип. Тие не знаат дека претераното чистење може да го зголеми производството на мрснотии, што може да доведе до повеќе затнати пори и исипи! Мрсната кожа може да биде и симптом на дехидратација, а понатамошното сушење на кожата е лоша идеја.
Решение: на твојата кожа ѝ е потребен производ за чистење што е хидратантен и нежен, за кожата да биде среќна и хидрирана.