1. ИСКАПЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СТАПАЛА
Капењето на стапалата не само што опушта, туку и ги разубавува стапалата. Ставете топла вода и додајте неколку лажички сол. Потоа ставете неколку капки од есенцијални масла од лаванда и помешајте. Држете ги вашите стапала во водата најмалку 10 минути.
2. ОТСТРАНЕТЕ ЈА ГРУБАТА КОЖА
Користете турпија за стапала и внинателно турпирајте ја грубата кожа. Таа најчесто ја има на вашите петици и на големиот прст. Откако ќе омекне кожата, користете пилинг за стапала за да ја отстраните мртвата кожа.
3. НАВЛАЖНЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СТАПАЛА
Наредниот чекор е да ги навлажнете стапала за да го спречите пукањето на кожата. Постојат многу креми за оваа намена и затоа одберете ја онаа што ви треба. Ако имате сува кожа одберете потежок крем и користете го во комбинација со памучни чорапи. Но, ако имате проблем со непријатната миризба, одберете антиперспирантен крем.
4. ОБОЈТЕ ГИ НОКТИТЕ НА ПРСТИТЕ
Исечете ги ноктите за да спречите враснати нокти и ставете мала лента на бел врв. Откако ќе го постигнете посакуваниот изглед, обојте ги ноктите за да добиете резултат како во салон за убавина. Започнете со основен слој за да ги заштитите ноктите и завршете со завршен слој за вашиот лак за нокти да трае подолго.
5. ПРИЈАТНА МИРИЗБА
Да бидеме искрени - стапалата на секој мирисаат, особено во лето! Сепак, постојат производи што можете да ги користите за да го избегнете ова. Ви нудиме неколку спрејови за стапала. Одберете го вашиот!