1. НЕ ГО ПОДГОТВУВАШ ЛИЦЕТО
Брзо бричење или бричење на сува кожа е сигурен начин да го повредиш лицето. Одвои време за бричење, најдобро по туширање, кога порите се отворени и кожата е мека. Секогаш користи доволно пена за бричење, за мазно движење на бричот.
2. ГО ДВИЖИШ БРИЧОТ ВО ПОГРЕШНА НАСОКА
Дали забележуваш зараснати влакна по бричењето? Можеби тоа е поради твојата техника! Многу лица мислат дека треба да го движат бричот во спротивна насока од растењето на влакната, но најдобро е да се бричиш во насока на растењето на влакната. Тоа го намалува ризокот од исеченици и иритација на кожата.
3. ПРАВИШ ДОЛГИ ДВИЖЕЊА
Дали некогаш правиш едно движење од вратот до образот? Престани! Долгите движења можат да наталожат многу влакна и производ (пена) на жилетот, што има лоши резултати. Користи кратки движења и измиј го бричот по секое движење.
4. ЈА ПРЕСКОКНУВАШ НЕГАТА ПО БРИЧЕЊЕТО
Бричењето ги отстранува мртвите кожни клетки од лицето и го изложува лицето на бактерии и сушење. Секогаш миј го лицето со млака вода по бричењето, а потоа хидрирај го со балсам за по бричење и со дневен крем. Хидратацијата е најважна!
5. НЕ ГО ЗАМЕНУВАШ БРИЧОТ
Старите бричеви привлекуваат бактерии и дури и мувла (!), ако предолго се користат. Затоа не заборавај да го замениш. Заменувај ги еднократните бричеви секоја недела.