1. СВЕТКАВ МОЛИВ ЗА ОЧИ
Ќе започнеме со нешто едноставно. Светкавиот молив за очи ќе го раздвижи твојот вообичаен изглед. Оваа сезона особено ги обожаваме металик-нијансите!
2. СВЕТКАВА СЕНКА ЗА ОЧИ
Светкавата сенка за очи е класика. Одбери смели и темни нијанси или додај малку боја.
3. СВЕТКАВА МАСКАРА
Твоите очи ќе засветат уште повеќе со светкава маскара. Ако ја нанесеш како што треба, ќе остави голем впечаток!
4. СВЕТКАВ КАРМИН
Овие празници во мода се светкави усни, а можностите за тоа се неограничени. Во зависност од тоа колку светки сакаш, можеш да одбереш светкав кармин, светки за шминкање или дури декоративни камчиња. Не плаши се да експериментираш!
5. СВЕТКАВИ ВЕЃИ
Да, добро прочита! Светкавите веѓи се одличен начин да заблескаш уште повеќе. Можеш да додадеш гел за регенерирање и светки на самите веѓи, или да повлечеш линија со моливот за очи преку коската на веѓите за да ја нагласиш нивната форма.