5 практични совети за обоена коса

Омбре, обоени врвови или целосно обоена - без разлика како ја боите вашата коса, вие треба да се грижите за неа. Ви претставуваме пет трика што ќе ви помогнат!

1. НЕ КОРИСТЕТЕ ШАМПОН 72 ЧАСА
Колористите
велат дека треба да чекате цели 72 часа пред да користите шампон по боењето на косата. Зошто? Бидејќи се потребни до три дена за кутикулата целосно да се затвори и да ја „зароби“ молекулата на бојата. Одложувањето на првото миење ќе придонесе бојата да трае подолго.

2. ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ ЗАМЕНЕТЕ ГО ШАМПОНОТ СО СУВ ШАМПОН 
Хемикалиите што ги има во боите за коса можат да ја оштетат косата, па затоа одвреме-навреме користете сув шампон. Кога ја миете косата, приспособете ја температурата од млака кон ладна. Жешката вода е една од најчестите причини за бледнеењето на бојата на косата.

3. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЖЕШКИ СРЕДСТВА ЗА СТИЛИЗИРАЊЕ 
Обоената
коса е чувствителна на жештина и затоа одбегнете го користењето фен за сушење. Наместо тоа, сушете ја косата со крпа. Ако сакате да користите пегла за коса или извиткувач, прво нанесете спреј за заштита од топлина.

4. НАВЛАЖНУВАЈТЕ ЈА КОСАТА ЧЕСТО 
Обоената
коса понекогаш може да биде пресува, затоа користете регенератори специјално наменети за обоена коса. Исто така можете да користете и врели масла или маски за коса.

5. НЕ ИЗЛОЖУВАЈТЕ ЈА КОСАТА ПРЕКУВРЕМЕНО НА СОНЦЕ 
На
крајот, планирајте го времето поминато на сонце, носете капа или користете производи за стилизирање со СПФ за да го спречите опаѓањето на бојата на вашата коса.

Текст: