Совршен облик за вашите веѓи

Ниедна црта на лицето не ги дефинираше изминатите 12 месеци како што го правеа тоа веѓите. Од полни до тенки, закривени до прави, формата на вашите веѓи може веднаш да го промени вашиот изглед. Бидејчи нема една форма која им одговара на сите, ги идентификувавме најдобрите веѓи за секој облик на лице.


Квадратно лице

Ако имате квадратно лице, често карактеризирано со аглеста брада, тогаш одберете благо заоблени веѓи. Полните веѓи со суптилен лак ќе ја неутрализираат поострата структура на лицето. Со помош на чешелче за веѓи, исчешјалте ги влакненцата во нивната природна насока како Keira Knightley и Salma Hayek, или нанесете гел за веѓи во боја за да додадете текстура како Diane Kruger.


 

 

 

 

 

 

Тркалезно лице

Како контраст за тркалезното лице и полните образи, одберете веѓи со поостар агол. Повисок агол, креира илузија на пошироко поставени очи, подефинирани црти и подолго лице. Земете ги за пример Mila Kunis, Miranda Kerr и Lily Collins.

 

 

 

 

 

Издолжено лице

На издолжените лица им одговараат рамни и прави веѓи - убаво средени но не претерано драматични. За да го балансирате вертикалното лице издолжете ги краевите на веѓите малку над надворешните агли на очите. Ако имате темна коса како Liv Tyler и супермоделот Joan Smalls, одберете молив за оли кој е за нијанса посветол за да го омекнете целокупниот изглед.

 

 

 

 

 

Срцевидно лице

Убаво негувани веѓи се задолжителни за оние со срцевидно лице. Заоблените веѓи ќе ја надополнат малата вилица и ќе го балансираат значително поширокото чело. Прескокнете ја чупкалката и одберете отстранување на влакненцата со конец за да креирате лакови слични на оние на Reese Witherspoon или Scarlett Johansson.

 

 

 

 

 

 

 

 

Овално лице

Бидејќи овалното лице е обично најпропорционално, класични и балансирани веѓи се одличен избор. Одберете полни и "момчешки" веѓи како Cara Delevingne, или полесен ефект како Jessica Alba и Alexa Chung.

 

 

 

 

 

 


Текст: Фотографии: Oriflame