Твојот астролошки мирис за 2018-та

Новата година е тука и ти сигурно бараш нов мирис. Ајде да ги прашаме ѕвездите и да дознаеме кој мирис најдобро му одговара на твојот хороскопски знак.

ОВЕН (21 март – 19 април)
Oвните имаат нескротлива енергија и понекогаш работат премногу. Од сите знаци, ти си најмотивирана. Исто така си позната по бурниот темперамент и страст и по твојата сила и енергија. Комбинирај ја твојата страсна енергија со  Miss Giordani, мирис збогатен со цвет од нероли и сјај на самодоверба, ранливост и лесна префинетост.

БИК (20 април - 20 мај)
Балансот им е омилена работа на биковите. Твојата чувствителност прави да бараш хармонија во сите делови од животот. Со твојот хороскопски знак владее Венера, што ги прави врските со луѓето многу важни за тебе. Ти си лојален, великодушен и добар другар. Бидејќи ги цениш малите работи и сакаш мирис што ќе ги разгали твоите сетила, ти го препорачуваме  Love Potion.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Близнаците се најпалави од сите знаци. Обожаваш иновации и постојано си љубопитна. Понекогаш си непредвидлива, но овој променлив темперамент исто така ти овозможува лесно да се приспособиш на сите ситуации. Бидејќи си воздушен знак, на твојата жива природа ѝ одговара лесен мирис со цветни ноти. Одбери го премиум-парфемот Sublime Nature Tuberose, кој го отсликува возвишениот мирис на тубероза взори.

РАК (21 јуни – 22 јули)
Раковите се најчувствителниот од сите хороскопски знаци. Ти го сакаш твојот дом и сакаш кога си сама. Месечината владее со тебе и поради тоа си им посветена на пријателите и тие секогаш можат да сметаат на тебе. Ти си грижлива и сакаш мирис што е нежен и женствен. Пробај го Giordani Gold White Originalкој го комбинира цветот од портокал со суптилни дрвенести ноти.

ЛАВ (23 јули – 22 август)
Лавот е најдраматичен од сите знаци. Секогаш сакаш да го изразуваш своето мислење и не ти е страв од конфликти. Ти си природен лидер и сакаш да си во центарот на вниманието. Сепак, зад твојата надворешност се крие грижлива и прекрасна личност. Не се плашиш од смели мириси и затоа ти го препорачуваме Divine Idol, мирис на златен ирис што ќе направи да се чувствуваш полно со самодоверба.

ДЕВИЦА (23 август – 21 септември)
Ти си многу чувствителна и исто така перфекционист. Имаш аналитична природа и сакаш да ги набљудуваш другите. Ти си земјен знак и обожаваш едноставни задоволства. Твојата природа е исто така романтична и затоа мирис како Volare Gold со светли ноти на кадифена праска, роза и солена карамела, е идеален за твојата нежна личност.

ТЕРЕЗИЈА (22 септември – 23 октомври) 
Терезиите се познати како фини со сите. Имаш природен шарм и најчесто сите ситуации ги проценуваш интелектуално и ги охрабруваш и другите да соработуваат. Праведна си, сакаш да си на отворено и во природа. Со тебе владее Венера и затоа си романтична и постојано бараш убавина околу себе. Твојот идеален мирис е  My Little Garden со свеж мирис на босилек, кој ќе направи да се чувствуваш како да си во сопствената приватна градина.

СКОРПИЈА (24 октомври – 21 ноември)
Скорпиите се знак со многу мистерија. Храбри и доверливи, одлучни и тврдоглави. Од сите хороскопски знаци, ти најдобро чуваш тајни. Твојата мистериозна природа значи дека треба да користиш смел и моќен мирис како The ONE Disguise, кој зрачи со живи ноти на малина.

СТРЕЛЕЦ (22 ноември – 21 декември)
Стрелецот е независен и може да се приспособи на секоја култура или ситуација, но исто така сака вредно да работи. Стрелците се оптимисти и обожаваат да истражуваат. Поради авантуристичкиот дух, ти препорачуваме лесен мирис со жива природа. Затоа, со Women's Collection Innocent White Lilac ќе се чувствуваш постојано како да си во прекрасна цветна градина.

ЈАРЕЦ (22 декември – 19 јануари)
Јарците се вистински традиционалисти. Тие сакаат да бидат одговорни и луѓето да ги прифаќаат сериозно. Како земјен знак си приземјена и независна, понекогаш избувлива. Ги сакаш традицијата и префинетоста и затоа не постои подобар избор за тебе од луксузниот парфем Giordani Gold Essenza.

ВОДОЛИЈА (20 јануари – 18 февруари) 
Водолиите играат според свои правила. Ти си индивидуалец и затоа бараш уникатен мирис. Твојот елемент е воздух и затоа не сакаш никој да те спречува, што понекогаш те прави премногу чувствителна. Парфемот за тебе е личен израз. Истакни се и продолжи да бидеш уникатна со смелата цветна парфимирана тоалетна вода My Destiny.

РИБИ (19 февруари – 20 март)
Рибите имаат мистерија и интрига што ги опкружува и поседуваат природно чувство за креативност. Ти зрачиш со твоите емоции, но понекогаш премногу си приврзана за некои работи. Како воден знак, те привлекува убавината на океанот и затоа Eclat Mademoiselle со ноти на бел хибискус ќе направи да се чувствуваш како да си дома.

Текст: