НЕ нанесувај молив за очи само на долниот капак
Тоа само ќе ти ги нагласи подочниците, а истовремено ќе им даде помал и уморен изглед на очите. Нанеси молив за очи на горниот капак или и на двата капака.
ИСЦРТАЈ линија по должината на целиот очен капак
Можеш да нацрташ линија само на горниот капак или на горниот и на долниот капак, но не цртај линија само до половина. Цртањето линија од внатрешниот дел до надворешниот ќе ти помогне да создадеш „побуден“ изглед.
НЕ оставај простор помеѓу трепките и моливот за очи
Доколку по нанесувањето оставиш малку простор, пополни го со иста нијанса сенка за очи. Овој трик има и дополнителен ефект, а тоа е погуст и раскошен изглед на трепките.
ПОВРЗИ ГИ линиите
Доколку нанесуваш молив за очи и на горниот и на долниот очен капак, спој ги линиите на внатрешниот и на надворешниот дел, за очите да ти изгледаат покрупно. Доколку не ги поврзеш линиите, очите ќе ти изгледаат премногу кружно и мало.
НЕ ПЛАШИ СЕ да експериментираш со бои
Црната е најпопуларната боја на молив за очи. Класична е, изгледа одлично на сите и создава шик-изглед. Сепак, на сите ни е потребно малку боја и забава! Пробај го новиот молив за очи THE ONE High Impact, кој е достапен во различни нијанси, со металик или со мат-изглед, кои можеш да ги спојуваш, за да го најдеш твојот омилен изглед за денес, утре и за секој друг ден!