Сè што треба да знаете за пудрата

Светот на пудрата знае да биде конфузен и комплициран. Дали треба да изберете пудра во прав или камена пудра? Kaко најдобро да ја нанесете? Дали постои разлика во зависност од типот на вашата кожа? Тука сме да ви помогнеме.

ЗОШТО ВООПШТО ДА КОРИСТИТЕ ПУДРА?
Пудрите ни даваат бројни придобивки: ја прават кожата мазна и сјајна, ја намалуваат појавата на пори и спречуваат шминката да изгледа масно. Тие исто така прават телната пудра да трае подолго и превенираат шминката да се размачка при топло и влажно време.

ШТО Е КАМЕНА ПУДРА?
Камената пудра и дава на кожата мат финиш, ја “заклучува” течната пудра и трае подолго од пудрата во прав, која е и потешка за нанесување. Камената пудра со огледалце е обично малечка и можете да ја сместите во вашиот козметички несесер, што ја прави идеална за носење со вас. Едноставно нанесете со четкичка за пудра и готови сте.
Ја обожаваме: GG Age Defying Камена пудра СПФ 15


ШТО Е ПУДРА ВО ПРАВ? 
Пудрата во прав е многу попроѕирна од камената пудра. Ќе ви биде потребна голема, мека четка за нанесување. Прво, нанесете тенок слој на вашето лице, потоа со четката отстранете го вишокот пудра – резултатот е софистициран и природен изглед.

Ја обожаваме: The One Пудра во прав




"Тестирајте ја бојата со нанесување на мала количина на виличната коска, како што би направиле со течната пудра."


МАТ ИЛИ СЈАЈНА ПУДРА?
мат пудрите се одлични за креирање на текстуриран порцелански финиш, додека сјајните пудри ќе ви дадат сјајен, младешки тен. Земете го предвид вашиот тип на кожа кога бирате пудра (прочитајте повеќе за тоа подолу).

ИЗБИРАЊЕ НА НИЈАНСАТА НА ВАШАТА ПУДРА

Изберете нијанса на пудра која е блиска до вашата природна боја на кожа. Тестирајте ја бојата со нанесување на мала количина на виличната коска, како што би направиле со течната пудра. Дајте си време да испробата повеќе нијанси бидејќи е многу важно вашата пудра да го надополнува вашиот тен. 

КАКО ДА НЕНЕСЕТЕ ПУДРА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВАШИОТ ТИП НА КОЖА?
Доколку имате сува кожа, нанесете ја камената или пудрата во прав, по нанесувањето на течната пудра. Обрнете посебно внимание на пределот околу очите и деловите каде кожата ви е посебно сува. Секогаш исчеткајте го вишокот пудра. На вашата кожа најмногу ќе и одговара лесна пудра во прав (како The One Пудра во прав).

Оние пак кои имаат масна кожа, треба да нанесат пудра за лице веднаш по отстранувањето на маснотиите од проблематичните делови на лицето. Нанесете со четкичка малку пудра на Т-зоната или на обласните кои често ви се мастат. На вашата кожа најмногу ќе и одговара мат камена пудра (како The One Matte Velvet Камената пудра).

Текст: Sanna Franklin

Текст: Фотографии: Shutterstock