Водич на уредникот: како да ги искористите распродажбите

Време е на распродажби и ние сме тука да ви кажеме на што да обратите внимание за успешно купување!

ЗНАЈТЕ ШТО ВИ ТРЕБА
Пред
да купите што било, проверете што имате во торбата за козметика. Фрлете ги сите производи што се стари и неупотребливи. Потоа видете што ви недостига. Направете список од она што ви треба и фокусирајте се на тие производи. Ова ќе ви помогне да не трошите без контрола.

ФОКУС
Интересно е да
се експериментира со нови нијанси и производи, особено кога има попуст. Но секогаш треба да се запрашате „дали ќе го користам ова“. Ако не сте сигурни, не купувајте го производот. Не трошите пари за нешто што нема да го користите, без разлика на ниската цена.


ПРАШАЈТЕ ЕКСПЕРТ
Се
мислите помеѓу два или три производи? Прашајте го вашиот Орифлеим Консултант за совет. Неговата работа е да знае што да ви понуди и да ги разбере вашите потреби.

 

ПРОЧИТАЈТЕ МИСЛЕЊА НА ИНТЕРНЕТ
Ако не сте сигурни за производот, прочитајте мислења на Интернет. Тие секогаш се искрени и непристрасни, бидејќи се од други потрошувачи. Ова е одличен начин да проверите дали производот е за вас.

РАЗБЕРЕТЕ ЈА ВРЕДНОСТА
Процентите
на попустите секогаш го привлекуваат вниманието, но не заборавајте и на понудите, бидејќи тие понекогаш се поисплатливи.

ПОВРЗЕТЕ СЕ
Зачленете се на имејл-известувањата или следете го Орифлеим на друштвените мрежи и бидете во чекор со сите понуди.

ОДРЕДЕТЕ ГИ ПАРИТЕ ОДНАПРЕД
Одлучете
колку сакате да потрошите и придржувајте се кон тоа. Така ќе го избегнете шокот на крајот од месецот!

НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ДА КАЖЕТЕ „НЕ“
Некои
производи никогаш не се на продажба. Ако сакате нов сет за нега на кожа, не трошете ги парите на други работи што не ви требаат, дури и ако се тие на попуст. Подобро е да ги тргнете парите настрана и да заштедите за она што навистина го посакувате.


Текст: