Дали фризурата на вашиот маж одговара на неговиот карактер?

Според податоците на Гугл, минатата година интересот на мажите за нега на коса, за прв пат го надминал интересот на жените. Еден од приоритетите на модерниот маж е наоѓање на идеалната фризура, па зошто тогаш со помош на овој водич да не му помогнете да ја пронаје совршената фризура за него?

КИФ-ФРИЗУРА (THE QUIFF)
Киф фризурата е своевидна икона. Мажите ја носат со децении. Се карактеризира со која што е кратко потстрижана на страните а подолго горе. Бидејќи го изголжува ликот, им одговара на сите возрасти и форми на глава. Сепак, доколку вашиот маж има доста тенка коса, ви предложуваме фризура која бара помалку волумен. За стилизирање на средно-долга коса во киф ќе ви требаат производи - пробајте со HairX Supreme Hold Styling Спреј за коса што не се лепи.

 

 

ИСЧЕШЛАНА КОСА
Исчешланата коса е построгата верзија на кифот. Косата е поделена со помош на патец на страна за да го каналлизира класичниот стил кој лесно се одржува. Ова е избрана за најстилска фризура за оваа година (Гугл потврдува дека интересот е над 50%), тоа е задолжителен тренд меѓу мажите. Исто така, е стилско решение при првите знаци на паѓање на косата.

 

 

ВИТКАНА КОСА
Витка и афро коса може да бидат предизвик  ако имате природни кадриви веќе го знаете тоа! Кога станува збор за густа, виткана коса мрзливоста е нејзин најлош непријател - на вашиот маж ќе му треба чешел со шитоки рапци и добар регенератор - и доколку користи ден, спреј за заштита од топлина.

 

 

 

МАШКА ПУНЏА (MAN BUN)
2015 беше годината кога машката пунџа стана популарна и се појави од никаде. Тоа е стил кој им одговара на мажите со густа коса и (идеално) со долга брада. Може да се носи со целосно долга коса, или со избричена коса на страните. Ве предуредуваме: потребно е време додека ја израснете должината потребна за да направите пунџа, па затоа очекувајте го критичниот период на коса средна должина.

  

 

 

ИЗБИРЧЕНА ГЛАВА

Избирчена глава им одговара на мажите со убаво оформена глава. Тоа е стил кој често се поврзува со самодоверба и мажественост, и е атрактивен "лек" за мажите кои ќелават. Само бидете внимателни доколку тој има истакнато чело.

 

 

 

ДОЛГА КОСА
Долгата коса остава впечаток. Може да ги нагласи деликатните црти, па ако вашиот маж има "бебешко лице" тогаш прескокнете го овој изглед. Кога станува збор за стилизирање, геловите и восоците е најдобро да ги резервирате за специјални пригоди. Но очекувајте да ги позајмува вашиот шампон и регенератор некое време - на неговата коса и треба нега! Како што жените веќе знаат, релаксираниот, оппуште стил не значи и невнимание.









Текст: Фотографии: Getty images