Ослободи се од мозолчињата

Само денови те делат од важниот настан, кога одеднаш го здогледуваш во огледалото - црвено и потечено мозолче што расте на твоето чело, токму на средината. Не паничи, ние ќе ти покажеме како да се справиш со него.

Ничија кожа не е постојано совршена. Дури и на познатите личности понекогаш им се појавуваат мозолчиња. Постојат неколку причини за појавата на новото мозолче: хормонални промени, погрешен избор на производ за чистење лице или храна. Најдобриот начин да се справиш со ситуацијата е едноставно да го спречиш нивното појавување.

Редовниот пилинг игра клучна улога во избегнувањето исип, бидејќи ги отстранува мртвите клетки и го спречува затнувањето на порите. Хидрирај ја кожата по пилингот и запомни да избереш производи што одговараат на потребите на твојот вид кожа. На пример, на мрсната кожа не ѝ требаат тешки состојки, додека на чувствителната кожа ѝ се потребни посебни состави.

Штетните ефекти што може да ги имаат екстравагантните количества шеќери или јаглехидрати врз кожата нашироко се познати, како и последиците од премногу зачинетата храна. Сепак, дали знаеш дека млекото и млечните производи, исто така, може да бидат катастрофални за твојот тен? За почеток, консумирањето млеко го зголемува нивото на инсулин, што ја стимулира миграцијата на кератиноцити што се таложат во клетките на епидермисот, што често резултира со затнати пори и исип. Млекото што го консумираме, исто така, содржи состојка што го зголемува нивото на андрогенски хормони и води до зголемено лачење себум и до мозолчиња. Запомни го ова при приготвувањето на следниот оброк!

 

Дали сепак ти се појави мозолче? Не грижи се, имаме решение. Прочистувачкиот корективен мат-стик со органско чајно дрво и лимета на Love Nature ќе ти помогне! Кога ќе ги забележиш првите знаци на несаканото мозолче на твоето лице, пробај го корективниот стик. Нанеси го директно на мозолчињата или подоцна по потреба, за да ја намалиш нивната видливост и да го неутрализираш црвенилото. Производот е дерматолошки тестиран, без парабени и е одлично решение што ќе ти помогне да имаш совршен тен.

Текст: Фотографии: Oriflame