Најчесто отворањето на подароците е магичен момент, но сепак се плашиш дека твојата пријателка повторно ќе се жали. Сите сме се нашле во таква ситуација и сите познаваме некој таков. Без паника, Орифлеим ќе ти помогне. Вложивме многу труд за да ти помогнеме овие празници. Каталог 12 е најпразничниот каталог досега, со многу празнично спакувани сетови. Затоа, не откажувај се и ајде заедно да ја негуваме уметноста на подарувањето и да ги израдуваме твоите најблиски! Следуваат нашите прекрасниизбори.
Milk & Honey Gold Precious Collection
Колку прекрасна кутија! Но не суди само по кутијата. Да видиме што ќе најде Гринч во неа. На прв поглед изгледа како прекрасно изгравирана златна плочка. Но златото не мириса убаво. Сапунот Milk & Honey Gold Precious Collection изгледа убаво, ја омекнува и ја чисти кожата. Кога станува збор за мека кожа, зошто не ја хидрираш повеќе? Кремот за раце и за тело Milk & Honey Gold Precious Collection ѝ помага на кожата да ја одржи долготрајната хидратација. Сега Гринч е малку повесел, нели?! А како да заблеска целиот? Тоа е лесно со светкавото масло за тело Milk & Honey Gold Precious Collection. Маслото е лесно и со хранлив состав што ќе му даде празничен светкав ефект на телото.
Be Merry, брусница и црн чај
Гринч, време е да се развеселиш! Мешавина од топли зачини со примеси на јасмин и овошје, ванила и мошус што дефинитивно ќе те потсетат на празниците поминати со саканите. Отвори го пенливиот гел Be Merry со мирис на ванила и цимет и направи пенлива бања. Не заборавај да го искористиш сапунот Be Merry со мирис на ванила и цимет. Затвори ги очите и уживај во прекрасните спомени. Доколку сакаш да ја доловиш оваа атмосфера секаде и секогаш, носи го кремот за раце Be Merry со мирис на ванила и цимет во својата чанта.
П.С. Ако твојот пријател Гринч не е многу по ванила и цимет, пробај ја линијата со брусница и црн чај. Оваа линија е во ограничено издание, затоа побрзај!
Чорапи, папучи и капа Moment
Што ако твојот пријател Гринч е намуртен преку зима поради студеното време? Дали си пробал некогаш да му подариш рало топли и удобни чорапи или филџан чај? Ова е твојата можност. Меките чорапи Moment имаат зимска бела боја, изработени се од имитација на волна ангора и се совршени за удобна вечер помината дома. Исто така, интересното пакување со поларна мечка е апсолутно неодоливо. Доколку тоа не е доволно, подари ги плетените топлинки. Тие ги одржуваат стапалата извонредно топли. За да му биде удобно на твојот пријател од главата до петиците, додај ја под елката и капата со снегулки и со топче. Таа е веќе спакувана за подарок, нели е фантастично тоа?!
3Д-турпии за нокти Moment
За крај, совршеното решение ако сакаш да подаруваш мали подароци, но твојата пријателка мрази сè што е непрактично. Што велиш за мали суперпрактични 3Д-турпии со празнични облици? Сет од 4 турпии за нокти што се раздвојуваат и имаат совршена големина, која ја собира во секоја чанта.
Ти честитаме, направи Гринч да ужива во овие празници!