Осветли го пределот околу очите
За да постигнете смел изглед, прво изедначете го тенот околу очите. Кожата околу очите е потенка од другите делови на лицето, поради што може да се појави црвенило, отекување и темни кругови. Нанеси мали точки коректор под очите и потоа со четка за коректор добро изедначи ги со кожата.
Нанесување сенка
Започни со најсветлата нијанса Iced Sand и нанеси ја од средината на очниот капак до под веѓите. За нанесување на сенката, искористи ја четката за коректор, бидејќи е совршена за кремасти производи.
Продолжи со нанесување на средната нијанса Sahara Bronze на средниот дел од очниот капак и по линијата на горните и долните трепки. На крајот, нанеси ја најтемната нијанса Muave Lava по линијата на горните и долните трепки, изедначувајќи ја нежно сенката кон надворешниот дел на окото.
Нагласи ги очите
За очите да изгледаат поотворени, нанеси малку светла сенка за очи (нашиот избор е Peach Twinkle нијансата) на внатрешниот дел од окото. Избери ја Двостраната четка за сенка за очи за поголема прецизност.
Додај топли тонови
Ако сакаш да додадеш малку боја на својот изглед, може да искористиш руменило во прав. Розевите примеси ќе додадат свежина на твојот изглед. Со прстите, внимателно нанеси малку руж на капаците на очите.
Дефинирај ги очите
На смелите очи им треба смел туш. Ако сè уште не се чуствуваш доволно самоуверено за да користиш туш за очи, може да почнеш со исцртување на очите од внатрешниот дел на окото, користејќи креон. Потоа повтори ја линијата користејќи водоотпорен туш за очи, за смел изглед. Благодарение на водоотпорниот состав ќе можеш да ја носиш шминката цел ден.
Врами ги очите
Пред да ја нанесеш маскарата, погрижи се за веѓите. Со Precision Четката за веѓи и трепки, исчешлај ги трепките кон надворешниот дел на окото, а потоа нагласи ги користејќи го Сетот за веѓи. Искористи ја Precision Аголната четка за веѓи за да нанесеш сенка за веѓи.
За крај искористи ја The ONE 5-in-1 Wonder Lash XXL Маскарата. Движи ја четката нагоре кон врвовите за да ги извиткаш трепките и да им дадеш природен изглед, потоа со кратки движења од лево кон десно од коренот кон врвовите еднакво нанеси ја маскарата на горните и долните трепки.
Твојот смел изглед е готов!