Црвени усни
Мора да признаеме дека црвените усни никогаш не излегуваат од мода. Француските дами го знаат тоа, а ние не можеме да му одолееме на овој постојан тренд. Црвениот кармин веднаш му додава гламур на твојот изглед и ти помага да изгледаш пософистицирано. Затоа, нанеси светол црвен кармин и стани центар на внимание.
Додај марама
Французинките обожаваат да додаваат малку боја во својот изглед, а марамата е совршен начин да го сториш тоа. Оваа марама Eclat, во лимитирано издание, изработена од висококвалитетна свила, е совршен избор кога сакаш да додадеш малку боја и живост во твојот изглед.
Не заборавај ги високите потпетици
Знаеме дека високите потпетици може да бидат болни, но понекогаш мора да издржиме малку болка за да изгледаме добро. Французинките секогаш се добро облечени, бидејќи избираат да носат високи потпетици прекуден. Ја имаат совладано уметноста на лесниот и ноншалантен изглед дури и кога носат високи потпетици. Најди пар минималистички високи потпетици за да го усовршиш твојот прекрасен изглед на Французинка.
Направи нов маникир
Замисли дека носиш дизајнерски фустан со луксузни додатоци и ексклузивна шминка, но ноктите не ти се добро оформени и се поткршени. Не звучи баш привлечно, нели? Добриот маникир миже да биде шлагот на твојот целосен изглед. Не мора да носиш смели дизајни. Важно е ноктите да ти бидат добро обликувани, со лак во неутрална боја, која одговара на твојот изглед.
Секогаш мирисај добро
Франција е земјата на парфемите. Една работа што Французинките никогаш не ја забораваат е да нанесат прекрасен парфем на местата со изразено пулсирање, пред да го напуштат својот дом. Твојот мирис открива многу за твојот карактер. Нанеси овошен и цветен парфем како парфемот Eclat Mon, кој има неодоливи ноти на азиска круша, бадем и ексклузивниот акорд „делер“ со бел ирис.
Сите овие фактори и совети ќе придонесат да постигнеш лесен и шик француски стил. Запамти, Французинките сериозно се грижат за својата кожа, што им дава природна и убава привлечност. Овие трикови, кои можеш лесно да ги примениш, и висококвалитетните производи ќе направат постојано да изгледаш класично и софистицирано. Па, зошто чекаш? Земи ги овие производи и усоврши ја француската привлечност без претерување.