Пилинг за лице Pure
Грижи се дополнително за твојата кожа со додавање пилинг за лице со салицилна киселина во твојата дневна рутина. Салицилната киселина е идеална за спречување митесери и мозолчиња и за чистење на порите, поради тоа што помага за отстранување на горниот слој на клетките. Исто така, салицилната киселина прави пилинг на внатрешниот дел на порите, што помага за намалување на затнувањето на порите, кое ја предизвикува појавата на нови мозолчиња.
Напреден третман за обнова на кожата NovAge
Пред да пробаш микродермаабразија, пробај го овој третман за обнова на кожата! Оваа напредна двојка со гликолна и млечна киселина ја намалува видливоста на порите и на лузните од мозолчиња и клинички докажано ја измазнува површината на кожата.
Маска за отстранување митесери Pure Skin
Една од причините поради кои ни се појавуваат мозолчиња е присуството на вишок маснотија, која ги затнува нашите пори. За жал, ова често ни се случува кога сме под стрес за некоја забава или за презентација. Оваа глинена маска е одлична за мрсна чувствителна кожа, бидејќи помага за отстранување на нечистотиите и на мастите, кои можат да ги затнат порите, веднаш ја чисти кожата и го отстранува вишокот сјај.
Дневен лосион за мрсна кожа Optimals Hydra Matte
Контролирај го вишокот сјај! Кога ќе ти здосадат хартиените впивачи и постојаното нанесување проѕирна пудра, време е да го пробаш дневниот лосион за мрсна кожа Optimals. Ја намалува појавата на пори, ја омекнува кожата и го отстранува вишокот сјај, со мешавината од природни шведски состојки од кора од врба и мртва коприва.