Како од дневен до ноќен изглед?

Модните додатоци можат веднаш да го дотераат и да го променат дури и најдосадниот изглед. Ако немаш време за дотерување, не грижи се, овие впечатливи додатоци ќе го дотераат твојот изглед во рок од неколку секунди.

1. Почни со чантата
Помалите чанти повеќе одговараат за вечерен изглед. Замени ја големата чанта со шик плик-чанта.

Погледни ја нашата нова чанта Bangkok, со една ултрасветкава страна во боја што се прелева и друга црна кадифена страна. Доволно мала чанта за во рака што остава голем впечаток.

2. Стави поголеми обетки
Големите и шарени обетки се еден од најлесните начини да го зачиниш досадниот изглед. 

Носи ги нашите обетки Bangkok во форма на капка, со кожена јакна на работа или со светкав фустан на забава по работа. 

3. Супердолго ланче
Ланче со долго синџирче можеби стои добро со блејзер во канцеларија, но може успешно да го носиш и со вечерен фустан. 

Погледни го нашето ланче Bangkok украсено со светкави камчиња во топли бои што се прелеваат од темна во светлорозова.


4. Уникатен додаток - модерна алка
Носи големи додатоци, за лесно да го промениш дневниот изглед во вечерен.

Твојата класична кошула може да стане поженствена со оваа впечатлива алка Bangkok. 

Текст: Фотографии: Орифлеим