1. Не спиј со шминка
Придржувај се до твојата рутина и измиј го лицето пред спиење. Така ќе ги спречиш затнувањето на порите и појавата на митесери и ќе помогнеш во процесот на обновување на кожата. Избери производ за чистење на лицето!
2. Користи заштитен фактор од сонце секој ден
Сонцето е штетно за твојата кожа. Ако не користиш крем за сончање, сите твои обиди да имаш беспрекорна кожа ќе бидат неуспешни. Носи го со себе најдобриот пријател на твојата кожа, дневниот крем NovAge за напредна заштита со СПФ 50 УВА/ПА++++.
3. Наспиј се добро
Твоето тело се обновува додека спиеш. Добриот сон е неопходен за здраво тело и за блескава кожа. Пробај да спиеш осум часа секоја ноќ.
4. Хидрирај ги дланките!
Рацете се едни од првите делови од телото што покажуваат знаци на стареење. Обезбеди им ја потребната нега! Носи крем за раце во твојата чанта и редовно нанесувај во текот на денот. Пробај го хранливиот крем за раце SoftCaress.
5. Пиј повеќе вода
Водата го прочистува телото од штетните состојки, ја одржува кожата хидрирана и мека, ја поттикнува работата на мозокот и го зајакнува твоето целокупно здравје. Секогаш носи шише со вода.
6. Негувај ја кожата со маски за лице
Редовното користење маски за лице, кои целат на специфични потреби, ја подобрува состојбата на твојата кожа. Нанесувај маска за лице еднаш или двапати неделно, како постојан дел од твојата рутина за убавина.
Дали сакаш да пробаш некоја? Погледни ги нашите маски наменети за различни потреби на кожата!
7. Смеј се повеќе
Дали знаеш дека смеењето го релаксира твоето тело и го забавува ритамот на срцето?
Секој ден прави најмалку една работа што ќе те насмее.
8. Создај дневна рутина за убавина
Секое утро и секоја вечер одвој 2 минути за себе и создај рутина за нега на кожа што ќе го зголеми твојот младешки изглед. Чистење очи, интензивен ефект и хидратација!
Избери рутина за нега на кожа што одговара на твоите потреби.