ТЕЛО
Можни проблеми: Суви раце и стапала
Како да се подготвите: Колку порано започнете да ги навлажнувате своите раце и стапала секојдневно, толку подобро. Користете лосион пред спиење секоја вечер. Потоа, кога ќе се намалат температурите уште повеќе, преминете од лосион на потежок крем. Исто така користете чорапи и ракавици врз производот, за да може кожата подобро да го впие. Во зима треба да ги навлажнувате своите раце по секое миење и да користите пилинг за стапала секоја недела.
ЛИЦЕ
Можни проблеми: Сува кожа и испукани усни
Како да се подготвите: Сите знаеме дека летото не е добро за вашата кожа. Сонцето, потта и пливањето знаат да предизвикаат оштетувања. За да го спречите зимското сушење, подгответе ја кожата на кој било навлажнувач што ќе го користите подоцна. Затоа е добро да започнете со ексфолирање најмалку еднаш неделно. Потоа треба да користите производ што ја храни длабоко вашата кожа. Ви ги препорачуваме нашите капсули за лице NovAge Nutri6. Тие содржат драгоцени природни масла, кои ја прават вашата кожа сјајна и мазна.
За вашите усни користете балсам за усни кога ќе почувствувате дека тие се сушат. Не заборавајте дека кожата на вашите усни нема природна заштита по сушењето и затоа ви треба дополнителна одбрана!
ШМИНКА
Можни проблеми: Шминка што се растекува
Како да се подготвите: Постепено почнете да носите повеќе слоеви облека. Користете дебели палта, шалови и ракавици. Иако тие ја штитат кожата од ветрот и ладните температура, исто така можат и да ви ја уништат шминката. Како да се подготвите за ова? Прво ви препорачуваме да користите проѕирна пудра. Таа ќе ви го подобри изгледот и ќе спречи прекумерно растекување. Исто така, заменете ја маскарата со водоотпорна. Кога ладното ќе ви влезе во око, вашите очи ќе останат недопрени.
КОСА
Можни проблеми: Наелектризирана и сплескана коса
Како да се подготвите: Сите сме соочени со дилемата за косата во зима - дали да носиме капа и да ја сплескаме косата, или да не ставаме на главата ништо и косата да се наелектризира. Ниту еден од овие два изгледа не е добар. Затоа, за да се подготвите за овие последици, вложете во добри производи.
Ако носите капа - поради мода или за да ви е топло - користете пена за волумен пред да ја исушите косата по туширањето. Исто така можете да ги испрскате врвовите со лак за коса.
Ако не сакате капа, тогаш треба да користите регенератор кога се туширате и да ја оставите косата влажна. Наелектризираната коса можете да ја спречите и ако ја замените четката за коса со метална.