Брановидна коса

Сигурно посакувате и вашата коса да има совршени лелеави кадрици. Најдоброто од се е што можете да имате ваква фризура секогаш кога ќе посакате, само следете ги овие неколку чекори.

 

 

 1Започнете со извиткување на косата на која претходно ставивте лосион за заштита од топлината. Потоа виткајте ја прамен по прамени со фигаро кое има поголем цилиндар. Прамените треба да ги оставите две минути свиткани, а потоа ги ослободувате. Започнете од долниот дел на косата.  


 

 

 

2За кадриците да не изгледаат премногу мазни, со фигарото виткајте ги прамените хоризонтално и вертикално. Прскајте спреј за коса на секој ослободен прамен.

3Откако косата е извиткана секој прамен поминете го низ прсти. Внимателно дефинирајте ги кадриците за да не ја загубат формата. Ставете спреј за коса за да ги фиксирате.

 

 

 

4 Како завршен чекор, земете еден прамен и направете тенка плетенка од секоја страна на главата. Фатете ги двете плетенки со шнола во V форма.

 

 

 

 

 

 

 

И тоа е вашата нова фризура! Совршено лелеава со природни кадрици.

Текст: Фотографии: Kristine Wreyford