Што навистина му е потребно на твоето новороденче

Како нови родители, веруваме дека ти требаат милиони нешта за твоето бебе да напредува. Термометри за бања, затоплувачи на шишиња, многу пелени и дизајнирана облека за бебиња. Но, дали навистина ти треба сето тоа? Ние сме тука да ти кажеме дека тие може да бидат корисни, сигурни, но она што навистина му треба на твоето бебе се неколку, многу едноставни работи.

Кожа-на-кожа
Можеби си слушнала дека ќе го расипеш бебето доколку го креваш премногу често, но сосема е спротивното. Науката покажува дека на бебињата им е потребна љубов и контакт кожа на кожа повеќе од било што друго! Блискоста и допирот се клучни за создавање врска меѓу родителот и бебето, а отсуството на допир може негативно да влијае на интелектуалниот, физичкичкиот развој но и на подоцнежното однесување.
Допирот исто така помага да се регулираат отчукувањата на срцето и дишењето на бебето, го подобрува спиењето и го прави севкупно поздраво. Затоа, прескокни ја модерната облека за бебиња и гушкајте се секогаш кога е можно!

Млеко
На сите бебиња им е потребно млеко, но без разлика дали твоето бебе е доено или хрането со шише, важно е само бебето да не остане гладно! Меѓутоа, ако ти е достапно, се покажало дека доењето може да има големи придобивки и за мајката и за бебето. Тоа помага за зајакнување на имунитетот, го намалува ризикот од неколку заболувања и ја обезбедува целата исхрана која му е потребна на твоето бебе за да напредува. Многу мајки се борат со доењето, но важно е да запомниш, дека ако доењето не ти е возможно, тоа не значи мајчински неуспех.

Спиење 
Бебињата можат да спијат насекаде. Навистина не им треба креветче, лулка или бебешко гнездо, важно е тие да спијат. За време на спиењето, нивните мали мозочиња растат, се развиваат и созреваат. Исто така, им помага да обработуваат сензорно внесување и да промовираат учење и меморирање. Сепак, нивниот сон не зависи од тоа каков кревет имаат. Дали во твоите раце, во количка или каде и да заспијат е добро, сè додека тие го прават тоа. Не очекувај 8 часовно континуирано спиење!

Нега на кожа
Од сите работи на списокот за новороденчиња, грижата за кожата треба да се смета за суштинска! Кожата на бебето е многу деликатна и чувствителна кога за прв пат е изложена на светот надвор од матката. Во матката, бебињата имаат заштитен слој, бела супстанца која ја штити и ја навлажнува кожата. Некои бебиња сè уште имаат ја имаат оваа супстанца на кожата кога ќе се родат, но не сите, и ако ја имаат, се мие со нивното прво бањање.
Нивната бариера на кожата е исто така 30% потенка од возрасната кожа, има пониски природни навлажнувачки фактори и содржина на липиди, што ја прави почувствителна. Ова значи дека на кожата на бебето всушност и е потребна голема поддршка во одделот за нега на кожата.

Ние веруваме дека секој родител знае што е најдобро за своето бебе. Па, што и да одбереш да инвестираш за твоето малечко, верувај дека знаеш што е правилно и не грижи се за сите совети одоколу. И запомни, ако ги употребиш овие четири работи, ги покриваш најважните потреби на твоето бебе.

Текст: