Враќање кон основата: Како да ги нанесете производите за нега правилно?

Ги имате сите потребни производи за нега на кожа: средство за чистење, тонер, крем за очи, серум и хидратантен крем, така? Но, дали го имате усовршено нивното нанесување? Редоследот по кој ги нанесувате производите може да биде исто колку значаен колку и самите производи. Ќе ви покажеме како тоа да го правите правилно, секој пат.

СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ
Миењето на лицето е лесно, но дали го правите тоа правилно? Истирјте од гелот за чистење на лицето на дланките и нанесете на сува кожа. Почнете од носот и продолжете нанадвор. Користете ги прсттите за да го измасирате производот на образите, челото и брадата во кружни движења, бидејќи ова ќе ја разбие шминката и ќе го пробуди вашиот лимфен систем. Користејќи ги врвовите од прстите, измасирајте ги длабнатините околу носот, и нанесете се до линијата на косата - не заборавајте да ја измеете оваа област темелно за да ја избегнете појавата на мозолчина кои би настанале како последица од заостанат гел. Измијте со топла (но не врела) вода, или користете мокра ткаенина од муслин за да ги отстраните остатоците од шминка, масла и нечистотија. Не го занемарувајте вратот! Нанесете од гелот се до клучната коска за да ја исчистите целата област. 
 
ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ 
Доколку користите машинка за чистење, тогаш почнете со навлажнување на четката и нанесување на средство за чистење на неа. Нанестете ја вашата машинка за чистење на прилагодувањата кои ги преферирате и со користење на кружни движења масирајте ја кожата, поминувајќ по околу 20 секунди на челото, 10 секунди на секој образ и 20 секунди на виличната област. Со кружни движења нанесете го средството за чистење колку може подлабоко во кожата за да направите нежен пилинг. Можете да притиснете малку повеќе на Т-зоната, но внимателно избегнете ги очите! Измијте го добро средството за чистење пред да нанесете тонер.


ТОНЕР
Вотриот чекор по чистењето, е тонирање. И најдобро е да го направите веднаш по чистењето за да постигнете максимална ефикасност.  Избегнувајте тонери кои содржат алкохол бидејќи тој ја суши кожаа и може да предизвика сушење и црвенило, но во никој случај не го прескокнувајте овој чекор! Нанесете тонер на памук или памучен тупфер и нежно поминете го лицето, избегнувајќи ја областа околу очите. Почекајте да се апсорбира пред да го нанесете следниот производ.


КРЕМ ЗА ОЧИ
Нежнате кожа под очите бара да го нанесувате вашиот крем за очи многу нежно. Нанесете на очната коска - кожата измеѓу образот и под окото и нежно натапкајте го производот во кожата со врвот на прстите. Немојте да ја влечете нити триете оваа област бидејќи тоа само ќе ја оштети кожата. Избегнете ги трепките за да не ги изиритирате очите. Ако имате производ со ролерче, тогаш нанесете го со движење од надворешниот кон внатрешниот агол на окото. 

"Екстра совет - оставете го кремот за очи преку ноќ да отстои во фрижедер за екстра освежувачки ефект кога нанесувате наутро!"

СЕРУМ
Нанесете количина колку зрно грашок од серумот на врвовите на прстите и нанесете го на лицето со нежно притискање за да ја поттикнете циркулацијата и подобрите апсорбцијата. Кога нанесувате серум на вратот, правете го то со движење нагоре - не сакате да ја влечете кожата надолу. Бидејќи серумот има водена конзистентнос, нанесете го веднаш по чистењето и тонирањето, но пред хидратантниот крем. Почекајте 10тина секунди додека серумот убаво се упие, потоа нанесете крем со СПФ или ноќен крем. 

ДНЕВЕН ИЛИ НОЌЕН КРЕМ 

Погрижете се да нанесете дневен или ноќен крем рамномерно на лицето и вратот. избегнете влечење на кожата надоли. Наместо тоа нежно нанесте ја кремата со еднакви движења насочени нагоре. Дајте си мала дневна масажа на лицето со користење на кружни движења почнувајќи од брадата, па нагоре по вилицата, од аглите на устата до ушите, од страните на носот нанадвор кон косата. Избегнете ја областа околу очите за да му дозволите на кремот за очи да ја обнови оваа нежна кожа полесно.

Текст: