Убавина од 9-5 часот: Основни производи за убавина на работа

Понекогаш патувањето до канцеларија може лошо да влијае на нашиот изглед, па кога ќе стигнеме да не изгледаме професионално како што сме сакале. Сите сакаме да изгледаме, да се чувствуваме и да изработиме најдобро што можете на работа, па затоа ги одбравме основните производи кои можете да ги чувате во вашето биро за изгледате одлично во текот на работните часови.

09.00
Нанесувањето шампон за суво миење ќе ви помогне косата да не ви се измрси и да остане сува за време на топлото и влажно патување до работа. Или, доколку имате коса склона на  разбушавување и електризирање, чувајте серум во фиоката и нанесете го врз разлетаните прамени кога ќе стигнете во канцеларијата - тоа е едноставно решение за скротување на немирната коса. 

10.00
Го поминувате денот работејќи на вашиот компјутер, ракувајќи се, одговарајќи на телефон - и тоа е само дел од работите кои ги допирате! Одржувајте ги дланките чисти со анти-бакетриски  гел и негувачки крем за раце, тие се задолжителни производи за нега за во канцеларија.


11.00
Вашето разладување и греење, двете предизвикуваат оштетување на кожата, ја сушат и водат кон појава на суви делови, мозолчиња и безживотен тен. Прскањето на лицето со спреј за освежување ќе ја хидрира и осветли кожата со што ќе ја намали појавата на проширени пори. Тоа е совршен лек за утринскиот пад на енергија.

"Променете го вашиот изглед од деловен, во стил за излегување со помош на вашиот омилен кармин и неколку прснувања мирис"

12.00
Рециклираниот канцеариски воздух не само што го  суши вашето лице, туку и усните. Балсам за усни со добар квалитет кој содржи шеа-путер, мед или пчелин восок ќе дејствува превентивно против распукување и може да го нанесувате повеќе пати во текот на денот.

13.00
Џвакањето мастика по оброк не е секогаш опција - може да изгледа непрофесионално за време на важните состаноци и презентации. Наместо тоа, чувајте четка и паста за заби за патување во фиока, па пред да се упатите кон конференциската сала освежете го здивот. 

14.00
Кога не можете да го измиете лицето за да ја отстраните вишокот маснотија, користете марамчиња за чистење на лицето штом почувствувате дека пладевната топлина почнала да создава маснотија на вашето лице. Едноставни се за користење и нема да ја уништат вашата шминкка. Доколку пак вашата пудра постепено се брише во текот на денот, чувајте коректор при рака за можете да нанесете врз видливите мозолчиња.

15.00
Додека да дојде време за кафе, веројатно вашите очи се веќе уморни од часови поминати пред екранот. Но наместо да пиете уште кофеин, пробајте да го нанесете под очите т.е. да ставите крем за очи. Чувајте тубичка во фрижидерот за разладувачко освежување. 

16.00
Никој не сака да нанесува шминка од ново на целото лице во средината на работното време, но за моментално постигнување на подобар изглед, пробајте да ги извиткате трепките. Потоа едноставно нанесете хајлајтер од внатрешниот агол на окото и покрај јаболчиците за лесно и брзо освежување.

17.00
Наместе да носите цела козметичка торба со шминки на работа, променете го вашиот изглед од деловен, во стил за излегување со помош на вашиот омилен кармин и неколку прснувања мирис. Сега, излезете од канцеларијата изгледајќи одлично!







Текст: Фотографии: Getty images