3.Користете специјални шампон и регенератор кои ја штитат бојата од измивање. Користење на маска за коса еднаш неделно ќе помогне во задржување на влажноста и долгорајноста на бојата.
4. Ако ја боите косата во драстично различна нијанса, тогаш бојте го коренот на секои три до четири недели. ДОколку пак, косата ка боите во нијанса блиска на вашата природна боја, одложете го боењето на четири до шест недели.
5. Они кои сами ја бојат косата, треба да го почнат боењето од коренот. Заштитете ги сензитивните делови така што ќе нанесувате боја на стедниот дел и врвовите 10тина минути пред миењето.
6. Кратете ги врвовите на неколку месеци. Колку косата е поздрава, толку поголго ќе трае боењето.
7. Одржувајте ја косата хидрирана со серум и обрнете посебно внимание на врвовите. Серум збогатен со арганово или чичково масло ќе и ја обезбеди на косата потребната нега без да ја измасти.
8. Избегнувајте користење на топлотни уреди за стилизирање на косата бидејќи тие ја сушат и ги отстрануваат протеините, што прави косата да биде нерамна и груба. Доколку морате да користите преса или фен, потрудете се да користите спреј за заштита на косата од топлина.
9. Останете подалеку од сонцето. УВ зраците ја оштетуваат косата исто како што ја оштетуваат и кожата, а сушењето предизвикува бојата да избледе. Затоа, носете капа или шапка кога планирате да го поминете денот надвор.