7 начини за побрзо растење на косата

Избрзавте со трендот на кратката коса, но повторно мечтаете за коса со долги локни? Ние имаме добри вести за вас! Со овие седум лесни трикови, за брзо време повторно ќе имате долга здрава коса.

1. ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ЗАДУШУВАТЕ ВАШИТЕ ФОЛИКУЛИ
Нечистотијата, маслата и штетните наслаги од производите за коса можат да ги блокираат вашите фоликули и да го забават раст
ењето на вашата коса. За да се избегне преполнување на коренот на влакното, понекогаш земајте одмор од продуктите за обликување коса.

2. КОРИСТЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ШАМПОН
Шампонот е добар продукт за измивање на нечистотијата и штетните наслаги од косата. Но
, како и да е, доколку користите погрешен шампон или доколку ја миете вашата коса почесто од потребното, ќе ги отстраните природните есенцијални масла што ја прават вашата коса мека и здрава. Што да направите? Нашиот најдобар совет е да користите шампон што ја обновува и дејствува нежно врз вашата коса. 

3. КОРИСТЕТЕ РЕГЕНЕРАТОР СЕКОГАШ КОГА СЕ МИЕТЕ СО ШАМПОН
Со тек
от на времето, бојадисувањето и стилизирањето на косата со вжештени преси ги ослабуваат краевите на вашите влакна. Најдобро решение е да се користи регенератор секогаш кога се мие косата. Исто така, регенераторот помага да се залепат кутикулите, при што се намалува ризикот за оштетување на влакната од косата. Затоа не прескокнувајте го регенераторот.

4. НАНЕСУВАЈТЕ МАСЛА ИЛИ ТРЕТМАНИ СО МАСКА

При растење долга коса
е неизбежно краевите да се оштетени многу повеќе од остатокот на вашата коса. Затоа за нив е потребна малку поголема нега од таа што ја нуди еден регенератор. Но не плашете се, нема да треба да ги скратите уште веднаш. Почнете со неделна употреба на маска или масло за коса при процесот на грижа на вашата коса. И ако не сте големи обожаватели на обичните масла, можете да пробате со третман за коса на база на масло. 

5. ИСФРЛЕТЕ ЈА ВАШАТА ПАМУЧНА НАВЛАКА ЗА ПЕРНИЦА
Пробајте да ја замените вашата памучна навлака за перница со сатенска. Зошто? Затоа што има помека површина што нема да предизвикува триење како што предизвикува памучната. Така ќе се разбудите со помалку заплеткана коса.

6. ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ВАШАТА ИСХРАНА И РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ДОДАТОЦИ ВО
НЕА
На вашето тело му се потребни многу витални хранливи состојки за да создаде нова коса. За вашата коса да биде во најдобра форма треба да внесувате доволни количества железо, Б
-витамини, цинк и протеини. Знаеме дека не е лесно како што звучи. За среќа, има додатоци за коса специјално формулирани за да ја направат поздрава.

7. ПРИСПОСОБЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА
Последно
, но исто толку важно, запомнете го ова. Колку и да се трудите да создадете совршени услови за вашата коса, за растењето секогаш ќе биде потребно време.

- Најново истражување покажува дека просечното растење на косата кај учесничките од азиско потекло изнесува 15 сантиметри годишно.

- Кај учесничките со африканско потекло изнесува 10 сантиметри годишно.

- Кај учесничките со бел тен изнесува малку над 13 сантиметри годишно.


 




Текст: Фотографии: Getty Images