7 начини да се справите со непослушната коса

Доколку извиткувањето и разбушавувањето се вашиот најголем непријател, тука сме да ви помогнеме. Извиткувањето и разбушавувањето на косата настанува како последица ос недостаток на протеин и масни киселини, што е нормален резулат кај сувата и оштетена коса. Кога косата ја губи влажноста, кутикулите (или надворешниот дел од вашата коса) отекуваат и му одволува на воздухот да влезе во нив, што доведува на појава на “наелектризираниот” изглед кој го мразите. Влажното време исто така може да биде виновник.

Еве како да се справите со непослушната коса еднаш за секогаш: 

1.Мијте ја косата само два или три пати во неделата – максимум! Зошто? Вашиот скалп произведува природни масла кои на навлажнуваат вашата коса, кои ги отстранувате со миењето. Исто така, битно е да избегнувате користење на врела вода, бидејќи тоа дополнитело ќе го зголеми сушењето.

2.Кога ја миете косата, секогаш користете кондиционер и барем еднаш во месецот нанесете хидратантна маска. Доколку имате посебно нескротлива коса, можете да ненесувате маска и секоја недела.

3. Немојте да ја сушите мократа коса со крпа, бидејќи бришењето предизвикува триење а триењето е најдобар пријател на бушавењето. Наместо тоа, користете ткаенина од микрифибер или памук (како маичка) за да ја апсорбирате водата и да се ослободите од влажноста. Изоставете го фенот

4. Четкањето на косата е во ред, но не претерувајте. Можеби сте слушнале дека чешлањето предизвикува оштетување на косата, но сосема е спротивна кога имате проблеми со непослушна коса. Користете чешел со шитоки запци и поминете низ влажната коса за да на задржите влажноста. 



5.Доколку имате виткана или брановидна коса, користете широка четка со остри влакна. Доколку имате права коса, користете голема округла четка, со остри природни влакна.

6.Отстранете ги расцветаните врвови така што ќе одите на шишање секои неколку месеци!

7. И за крај, инвестирајте во специјален серум и масло за коса – ќе ви требаат! Ви ја препорачуваме Eleo коелкцијата, која е збогатена со арганово и масло од роза. Нанесете од средината кон врвовите, бидејќи таму влакното е најшупливо и може најлесно да се искрши и да создаде статички електрицитет.


Текст: Mane Campos

Текст: Фотографии: Shutterstock