7 правила на парискиот стил

Парижанките отсекогаш биле синоним за стил. Сакате и вие да го постигнете нивниот шик-изглед? Еве седум правила што треба да ги следите!

1. ВЕРУВАЈТЕ МУ НА СОПСТВЕНИОТ СТИЛ
Французинките ја обожаваат модата, но најмногу му веруваат на своето чувство за стил. Затоа не плашете се да бидете уникатни и да носите парчиња што му пркосат на времето.

2. ДОЗВОЛЕТЕ ИМ НА УСНИТЕ ДА ЗБОРУВААТ
Црвените усни се задолжителни ако сакате да постигнете париска убавина. Заедно со беспрекорната кожа и природната шминка, тоа е изглед што морате да го имате.

3. СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ ПАРФЕМ

Во Франција луѓето започнуваат да користат парфем уште од мали и поради тоа повеќето жени се чувствуваат како да се голи ако не користат. Затоа, зошто не го пробате нашиот нов  мирис Eclat Mademoiselle, инспириран од Париз. Има мирис и за вашиот партнер!

4. ПРИРОДНА КОСА
Модерната парижанка знае дека е најважна природната текстура. Наместо да користат безброј производи, Французинките сакаат опуштена коса за пожив изглед.

5. ПРОБАЈТЕ ФРАНЦУСКО ДРЖЕЊЕ
Значаен дел од парискиот стил е држењето на Французинките. Имајте самодоверба и верувајте дека изгледате добро. Нема да погрешите!

6. КАЖЕТЕ МУ „НЕ“ НА ФРАНЦУСКИОТ МАНИКИР
За жал, нема ништо француско во францускиот маникир. Всушност, ова во Париз се нарекува „американски нокти“. Затоа, подобро е да пробате едноставна и чиста боја на ноктите.

7. БИДЕТЕ ПРИРОДНИ
Кога станува збор за бои, Французинките сакаат различни и неутрални тонови. Црна, бела, темнозелена се нијансите што морате да ги имате во вашиот гардеробер!




Текст: Фотографии: Oriflame Brand Images